Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајкл Бубле и Луисана Лопилато со емотивни пораки по повод 8-иот роденден на синот кој на 3 години се бореше со ракот

„Мојот херој наполни 8 години... Нè научи што значи да се бориш и да победиш“ – пејачот Мајкл Бубле и неговата сопруга Луисана Лопилато упатија емотивни пораки по повод 8-иот роденден на синот Ноа, кој на само 3-годишна возраст се бореше со ракот.

majkl-buble-i-lusijana-lopilato-so-emotivni-poraki-za-sinot-shto-se-izbori-so-rakot-ne-nauchi-shto-znachi-da-se-borish-01.jpg

Канадскиот пејач Мајкл Бубле (45) му оддаде почит на неговиот син Ноа по повод осмиот роденден.  Во 2016-тата година, пејачот мораше да направи двегодишна пауза со музичката кариера откако на неговиот син Ноа му беше дијагностициран рак на 3-годишна возраст. 

За среќа на неговиот 4-ти роденден во 2017-тата година на Мајкл и на неговата сопруга Луисана Лопилато им беше соопштено дека нивното дете е излекувано.

Сега 4 години подоцна, (на 27.08) кога Ноа наполни 8 години, славниот пејач и актерката упатија емотивни пораки на социјалните мрежи:

„Денес мојот херој полни 8 години! Никогаш не сум запознал некој што е толку многу храбар... Никогаш не сум познавал некој друг што е толку мил и со добро срце.

Никогаш нема да бидам во можност да кажам колку сум горд и колку е длабока мојата и љубовта на твојата мајка за тебе. Ти нè правиш благословени секој ден. Се надеваме дека Бог ќе те благослови на овој посебен ден, Среќен Роденден Ноа“ – напиша Мајкл Бубле.

Тој сподели две фотографии, една од Ноа кога бил бебенце и една понова на која тие заедно се гушкаат.

По повод роденденот на нивниот мал херој, со емотивна порака на Инстаграм се огласи и мајката Луисана Лопилато, која кај нас е позната по улогата на Миа Колучи во „Млади бунтовници“. Таа објави кратко видео со фотографии од Ноа и до него напиша:

„Ноа на мојот живот! Мојот прв син! Тој што ме научи како да бидам мајка, ти ме направи најсреќна жена откако дојде во нашите животи. Многу сме среќни што можеме да уживаме во сите мигови со тебе, да те гледаме како растеш секој ден со таа силна светлина што ја шириш околу себе! Ве сакам сите... Ти благодарам, малечко мое, што нè научи што значи да се бориш и да победиш“ – напиша меѓу другото Луисана.

Инаку Луисана Лопилато и Мајкл Бубле стапија во брак во 2011-тата година, тие заедно имаат три деца, ќерката Вида Амбер Бети (3) и синот Елиас (5).

Погледнете повеќе нивни фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg