Трета среќа: Сем Ашгари (27) ја запроси Бритни (39) со дијамантски прстен од 70.000 долари, откако татко ѝ ја „ослободи“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
продавач 17-09-2021


Трета среќа: Сем Ашгари (27) ја запроси Бритни (39) со дијамантски прстен од 70.000 долари, откако татко ѝ ја „ослободи“

Бритни Спирс и Сем Ашгари се верија по неколку години поминати заедно. Пејачката имаше изјавено дека сака да се венча со Сем, но не можела поради легалното старателство на татко ѝ. Неполн месец откако татко ѝ изјави дека ќе се повлече, Сем ја побарал за жена, а и двајцата изгледаат пресреќни за убавите вести.

treta-svrshuvachka-britni-spirs-39-i-sem-ashgari-27-se-verija-otkako-pejachkata-se-oslobodi-od-kontrolata-na-tatko-01.jpg

На потресното сведочење против нејзиниот татко, Бритни Спирс откри дека тој не ѝ дозволувал ни да стапи во брак со нејзиното момче Сем Ашгари, а сега, откако пејачката успешно се избори за својата слобода, на фановите им соопшти дека Сем ја побарал за жена.

treta-svrshuvachka-britni-spirs-39-i-sem-ashgari-27-se-verija-otkako-pejachkata-se-oslobodi-od-kontrolata-na-tatko-07.JPG

39-годишната поп ѕвезда ги сподели вестите на Инстаграм со видео на кое гордо го покажува дијамантскиот веренички прстен, кој наводно чини 70.000 долари. Во описот, Бритни само напишала дека не ѝ се верува.

Кратко по објавата и менаџерот на Сем ги потврди убавите вести:

„Денес парот ја направи врската официјална и се трогнати од поддршката и љубовта што ги добиваат од фановите“.

Според него, прстенот е изработен специјално за Бритни, а Сем самиот учествувал во дизајнирањето.

Ни Сем не ја испушти можноста да се пофали за среќните новости и сподели фотка од него и Бритни на која во главен фокус е вереничкиот прстен.

Неполн час пред да ја сподели фотографијата, Сем објави Инстаграм Стори со кое ги најави новостите:

„Огромни вести… едвај чекам да ги споделам“.

Всушност, Сем ги разгоре гласините за свршувачката со Бритни откако беше забележан како разгледува прстени во Лос Анџелес на почетокот од месецот.

Прочитајте повеќе: Дечкото на Бритни Спирс гледа прстени - Ќе стапи ли пејачката по третпат во брак, откако татко ѝ се откажа од легалното старателство?

treta-svrshuvachka-britni-spirs-39-i-sem-ashgari-27-se-verija-otkako-pejachkata-se-oslobodi-od-kontrolata-na-tatko-05.JPG

Ден-два пред свршувачката, пак, актерот сподели две фотки од дијамантски прстен на Инстаграм Стори, кои веднаш беа избришани. Подоцна Сем сподели дека неговиот профил бил хакиран, но ова беше доволно за фановите да сфатат што се случува.

treta-svrshuvachka-britni-spirs-39-i-sem-ashgari-27-se-verija-otkako-pejachkata-se-oslobodi-od-kontrolata-na-tatko-09.JPG

Според изворите, и Сем и Бритни сакаат да имаат деца.

Бритни и Сем се запознаа за време на снимањето на спотот за песната на Бритни – Slumber Party, а во јануари 2017 споделија дека се заедно.

Оттогаш тие се неразделни и Бритни неколкупати има споделено дека Сем е личноста што ѝ помогнала најмногу во можеби најтешкиот период од нејзиниот живот.

treta-svrshuvachka-britni-spirs-39-i-sem-ashgari-27-se-verija-otkako-pejachkata-se-oslobodi-od-kontrolata-na-tatko-04.JPG

За разлика од нејзините претходни партнери, Сем отворено ја поддржуваше Бритни во судската битка против татко ѝ, споделувајќи дека тој се меша во секој аспект од нивните животи.

Бритни изјави дека сака да стапи во брак со Сем уште за време на нејзиното сведочење пред некој месец, но не можела поради легалното старателство на татко ѝ.

treta-svrshuvachka-britni-spirs-39-i-sem-ashgari-27-se-verija-otkako-pejachkata-se-oslobodi-od-kontrolata-na-tatko-03.JPG

Инаку, ова е третата свршувачка на Бритни, која претходно беше во брак со Џејсон Александар и Кевин Федерлајн.

Наводно, бракот со Џејсон бил импулсивна одлука - немаше свршувачка, а парот се венчаше во Лас Вегас и се разведе околу 50 часа подоцна.

Бритни се вери и со нејзиниот поранешен агент Џејсон Травик, но се разделија пред да стапат во брак.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позади сцената: Најдобрите Оскаровски Инстаграм фотки Имавме можност да ги погледнеме холивудските ѕвезди на црвениот тепих на Оскарит...
Бритни Спирс со ризичен стајлинг на улиците во Париз (фото) Бритни Спирс периодов е комплетно посветена на нејзината турнеја Piece Of Me, но...
Цел живот во сенка на Бритни, бремена на 16 години: Која е Џејми Лин Спирс, сестрата на Бритни? Секогаш е во втор план како сестра на Бритни, но тоа не ѝ пречи да работи на сво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg