Два разводи и многу неуспешни врски – кои се бившите момчиња на Џенифер Анистон?

Два неуспшени бракови - еден со Бред Пит и еден со Џастин Теру, неколку кратки авантури и неколку пропаднати сериозни врски. Се чини дека Џенифер Анистон допрва треба да ја сретне нејзината сродна душа.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-01.jpg

Кога станува збор за љубовниот живот на Џенифер Анистон, Бред Пит е првото име на коешто помислуваме. Додека беа заедно, тие беа најпопуларниот пар и никој не ни помислуваше дека некогаш ќе се разделат.

Кога сепак се разделија, актерката имаше неколку врски и уште еден брак, но сите неуспешни, по што јавноста стана убедена дека Џенифер нема среќа во љубовта.

Денес актерката е сингл и сака да се посвети на себе, но вели и дека чека да ја запознае вистинската личност.

Кои се бившите момчиња на Џенифер Анистон?

Чарли Шлатер

Во 90-тите Џенифер имаше кратка врска со актерот Чарли Шлатер. Парот се запозна на сетот на сит-ком серијата Ferris Bueller која траеше само една сезона – речиси исто колку и нивната врска.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-02.JPG

Даниел Мекдоналд

За Даниел, актерката има изјавено дека тој бил нејзината прва љубов, а со тоа и нејзината прва сериозна врска. Парот беше заедно околу пет години, на почетокот на 2000-тите.

„Тој ми беше првата љубов – заедно бевме пет години. Мислам дека тој беше оној вистинскиот, но имав само 25 години и бев глупава“.

Пo врската со Анистон, Даниел стапи во брак со режисерка со која имаше и две деца, но во 2007 година почина од тумор на мозокот.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-03.JPG

Адам Дуриц

Адам и Џенифер имаа кратка врска во 1995 година и, наводно, уште на почетокот сфатиле дека не се еден за друг. Всушност, Адам има изјавено дека почнале да се гледаат само поради нивните заеднички пријатели:

„Неколку пријатели ми кажаа дека сум ѝ се допаѓал. Истите пријатели ја излажаа и ѝ кажале дека мене ми се допаѓала“.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-04.JPG

Тејт Донован

По кратка авантура со Адам, Џенифер почна да се гледа со Тејт, а нивната врска траеше околу две години.

Тејт се појави во неколку епизоди од „Пријатели“, и тоа како момче на Рејчел (ликот на Џенифер).

Актерката има изјавено дека иако врската не успеала, барем преку него ја запознала Сандра Булок со која денес се многу добри пријателки.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-05.JPG

Пол Род

Постојат многу гласини за врската на Анистон и Род, па не е познато кога точно почнале да се гледаат. Според некои извори, парот ја почнал врската во 1998 година.

Тие соработуваа на неколку проекти, вклучувајќи ја и последната сезона од „Пријатели“.

Не е познато ни кога се разделиле, но факт е дека до денес се добри пријатели.

dva-razvodi-i-mnogu-neuspeshni-vrski-koi-se-bivshite-momchinja-na-dzhenifer-aniston-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Абортусот на Бритни, неверен кон сопругата Џесика Бил: Мрачните тајни на Џастин Тимберлејк Ја изневерувал Бритни со познати девојки, заради што таа му се одмаздила со танч...
„Пак би имала секс со Бред Пит, го откачив Леонардо ди Каприо“ – Гвинет Палтроу раскажа за поранешни... „Со Бред имавме неверојатна хемија во сексот, а Бен беше техники одличен во крев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg