Кои ѕвезди ги разгалуваат семејствата со пари и подароци, а кои не им оставаат ништо?
-->
Децата на Даниел Крег нема да наследат многу пари од него, најмногу бидејќи актерот смета дека тоа е погрешно и, едноставно, не сака да ги разгалува идните генерации оставајќи им многу пари.
Стинг има шест деца, но не планира да им остави многу пари. Пејачот вели дека сака неговите деца сами да заработуваат, а на шега има изјавено и дека не би ни останале пари по неговата смрт бидејќи веќе го трошат неговото богатство.
Гордон Рамзи нема да им остави ништо на неговите пет деца. Но, има изјавено дека ќе им помогне да си купат дом, односно ќе им даде 25% од сумата што ќе треба да ја платат. Познатиот готвач нагласува дека ова не е злобна постапка, туку само не сака неговите деца да бидат разгалени.
-->
Мила Кунис и Ештон Кучер одлучиле дека не треба да им купуваат подароци за Божиќ на нивните деца – нешто што е еден вид традиција во САД. Истовремено, тие нема да им остават речиси ништо од нивното милионско богатство, сè со цел да не ги разгалат.
Елтон Џон вели дека нема да ги остави децата без пари, но нема ни да ги разгали со големо наследство. Пејачот сака да им остави доволно средства колку да се снајдат во животот, а за сè останато ќе треба да си заработат сами.
Сајмон Кауел не сака да им остава пари на децата. Наместо тоа, тој вели дека ќе ги остави во добротворни организации, најверојатно за деца или животни.
Режисерот Џорџ Лукас смета дека неговото богатство не му припаѓа на семејството, туку на образованието. Според него, образованието е клучно за преживувањето на човечката раса, па скоро целото богатство планира да го донира во такви цели.
-->
-->
Спирова С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
8 светски ѕвезди кои не сакаат да имаат деца: „Никогаш немав амбиција да бидам родител“
Не сите луѓе сакаат да имаат деца, а тука се и некои од светските ѕвезди. Едни п...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои)
„Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн...
„Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру...
Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони
Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
Ник Канон, бившиот на Мараја Кери, има 12 деца – не може да ги наброи сите, едното почина од рак
Ник Канон и Мараја Кери се венчаа по само два месеца врска, а заедно имаат две д...