Џеси Џеј расплакана објави емотивна исповед: „Го изгубив бебето, нема срцева акција“

Џеси Џеј објави фотографија на која е со насолзени очи и тест за бременост во раката. Таа си ја отвори душата дека одлучила да има бебе сама, затоа што дете е сè што си посакувала во животот, но на третиот скен немало срцева акција. „Ова утро имам чувство како да немам контрола врз моите емоции. Можеби ќе жалам што сум го објавила ова...“, вели таа во емотивната исповед.

djesi-djej-rasplakana-objavi-emotivna-ispoved-go-izgubiv-bebeto-nema-srceva-reakcija-01.jpg

Пејачката Џеси Џеј (33) вчера (24.11) откри дека имала спонтан абортус откако забременила со првото дете.

Таа на Инстаграм сподели фотографија на која е потресена и со солзи во очите и на која вели дека трагично го изгубила своето неродено дете, откако докторите не успеале да пронајдат срцева акција.

Џеси им кажа на фановите дека одлучила да има бебе сама, откако во октомври откри дека се разделила од Макс Фам, момчето со кое беше во врска 7 месеци.

На сликата што ја објави на Инстаграм, Џеси во раката држи тест за бременост и во описот вели:

„Вчера наутро се смеев со пријател околу тоа како ќе минам на настапот во Лос Анџелес, без да ѝ откријам на мојата публика дека сум бремена.

До вчера попладнето ме мачеше мислата како ќе го издржам настапот без да се распаднам пред нив...

Откако го направив мојот трет скен ми кажаа дека повеќе нема срцева реакција.

Ова утро имам чувство како да немам контрола врз моите емоции. Можеби ќе жалам што сум го објавила ова. Можеби нема. Всушност, не знам.

Тоа што го знам е дека сакам да пеам вечерва. Не затоа што го избегнувам процесот на тагување, туку затоа што знам дека пеењето вечерва ќе ми помогне.

Имав само две шоуа во текот на 2 години и на мојата душа ѝ е потребно тоа. Знам дека некои луѓе ќе мислат 'таа треба да го откаже шоуто'.

Но, во овој миг јасна ми е само една работа. Кога започнав да пеам тоа ми беше радост, ми ја исполнуваше душата и ми беше терапија за љубов кон себе, тоа не се промени и го процесирам ова на мој начин.

Сакам да бидам искрена и вистинска и да не кријам што чувствувам. Го заслужувам тоа. Сакам да бидам тоа што сум колку што е можно во овој миг. Не само за публиката, туку и за мене и за моето мало бебе кое даде сè од себе.

Се знам себеси и знам дека ќе зборувам за ова на сцена затоа што таква сум јас. Но, наместо емоционален говор полн солзи ќе се обидам да ја објаснам мојата енергија. Тоа ми изгледа побезбедно.

Одлучив да имам бебе сама. Затоа што тоа е сè што сакав отсекогаш и животот е навистина краток. Да забременам беше чудо само по себе и искуство кое никогаш нема да го заборавам и знам дека ќе го имам повторно.

Сè уште сум во шок, а тагата е преголема.

Но, знам дека сум силна и знам дека ќе бидам во ред.

Исто така знам дека милион жени од целиот свет ја почувствувале оваа болка, па и многу полошо. Се чувствувам поврзано со сите такви меѓу вас кои ги познавам и кои не ги познавам.

Тоа е најосаменичкото чувство на светот.

Па, се гледаме вечерва во Лос Анџелес. Можеби ќе правам помалку шеги, но моето срце ќе биде во просторијата.“

https://www.instagram.com/p/CWq3HWCvdl7/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не дозволува стјуардеси во авионите, го контролира што јаде, па тој се крие со бургери – Како Џеј Ло... Џеј Ло има строги правила за Бен. Тој не смее да претерува со крофните и бургери...
Рајан Рејнолдс му ја исполни желбата на обожавател кој умира од рак: „Моето семејство ќе се сеќава н... „Ми стоеше кнедла во грлото додека се дружевме. Размислував како ќе се чувствува...
Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg