Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Двејн Џонсон ја изненади мајка му со автомобил за Божиќ: „Таа заслужува многу повеќе, имала тежок живот“ (видео)

Овој Божиќ Двејн Џонсон реши да ја изненади мајка му со автомобил, а мигот кога ѝ го подарува е овековечен на видеото што го сподели на Инстаграм. Денес актерот е еден од најплатените во Холивуд, па во описот вели дека е благодарен и не го зема здраво за готово тоа што може да ја изненадува мајка му на овој начин.

dvejn-djonson-ja-iznenadi-majka-mu-so-avtomobil-za-bozhikj-taa-zasluzhuva-mnogu-povekje-imala-tezhok-zhivot-video-01.jpg

Двејн Џонсон е веќе познат како личноста со најголемо срце во Холивуд, а сега уште еднаш ја покажа својата дарежливост со подарокот што го купи за неговата мајка.

За Божиќ, Двејн ја изненади мајка му со нов автомобил, а емотивниот момент кога ѝ го покажува подарокот го сподели и на Инстаграм.

blagodaren-sum-shto-mozham-da-go-pravam-ova-taa-zasluzhuva-mnogu-povekje-dvejn-dzhonson-ja-iznenadi-majka-mu-so-avtomobil-za-bozhikj-video-04.jpg

На видеото, актерот, мајка му, како и двете помали ќерки стојат пред автомобилот. Најпрво 49-годишниот актер ѝ ги покрива очите на неговата 73-годишна мајка, а кога ѝ покажува подарокот нејзината радост е повеќе од очигледна.

blagodaren-sum-shto-mozham-da-go-pravam-ova-taa-zasluzhuva-mnogu-povekje-dvejn-dzhonson-ja-iznenadi-majka-mu-so-avtomobil-za-bozhikj-video-02.jpg

Двејн е еден од најдобро платените актери во Холивуд и на сите им е јасно дека може да си дозволи ваков подарок, но во описот на видеото тој ја покажува и неговата скромност, истакнувајќи дека е пресреќен што може да ја израдува мајка му на овој начин.

„Ја изненадив мајка ми со нов автомобил за Божиќ. Беше шокирана. Малку се расплака. Потоа штом нејзините внучиња ѝ се придружија во автомобилот, беше пресреќна.

Благодарен сум што можам да ги правам овие работи за мајка ми која имала тежок живот. Не го земам ова здраво за готово, а истото важи и за неа.

Среќен Божиќ мамо и уживај во новиот автомобил. Те сакаме. Заслужуваш многу повеќе“.

За само еден ден, видеото на актерот собра над 4,5 милиони лајкови, а во коментарите скоро сите се восхитуваат на неговата дарежливост.

„Срцето на овој човек е направено од злато. Колку убаво“.

„Бидејќи знам низ што сè сте поминале, знам колку ви значи и на двајцата. Среќен Божиќ“.

„Го сакам Двејн поради неговата човечност“.

blagodaren-sum-shto-mozham-da-go-pravam-ova-taa-zasluzhuva-mnogu-povekje-dvejn-dzhonson-ja-iznenadi-majka-mu-so-avtomobil-za-bozhikj-video-05.jpg

Нормално, некои негодуваат нагласувајќи дека Двејн е многу богат и овој подарок не е никаков трошок за него.

Сепак, фановите се на негова страна и споделуваат дека актерот и мајка му имале навистина тежок живот, а бидејќи Двејн самиот се изборил да стигне до врвот, сега заслужува да ужива.

blagodaren-sum-shto-mozham-da-go-pravam-ova-taa-zasluzhuva-mnogu-povekje-dvejn-dzhonson-ja-iznenadi-majka-mu-so-avtomobil-za-bozhikj-video-06.jpg

Пред да се прослави, еден период актерот имал само 7 долари и ништо друго. Всушност, токму поради ова, неговата продукциска компанија се вика Seven Bucks (седум долари).

Покрај подароците за неговите родители, актерот редовно ги изненадува и фановите – пред околу еден месец, на еден фан му го подари џипот кој бил направен специјално за него само затоа што сакал да му го ги разубави претстојните празници.

Прочитајте повеќе: Емотивно видео: Двејн Џонсон му го подари својот автомобил на поранешен војник за да му ги разубави празниците

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Обвинување за силување, бурни разводи – Кевин Костнер живее втор живот на 70 години, по скандалите По двата пропаднати бракови кои траеја повеќе од една деценија, како и конфликти...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg