Вознемирувачко видео од моментот кога змија каснува пејачка на снимање спот: „Низ што сѐ морам да поминам за вас“
- Детали
- среда, 29 декември 2021
„Никогаш повеќе“ – напиша пејачката која беше касната од змија додека снимаше видео-спот за нејзината најнова песна. За среќа змијата не беше отровна, но очигледно младата пејачка нема намера во иднина повторно да снима вакви видеа.
Американската поп-пејачка Маета снимаше спот за нејзината песна Bitch don’t be Mad, а на социјалните мрежи сподели видео од непријатноста што ја доживеала додека ги снимала сцените од видеото каде треба врз неа да лазат змии.
Во краткото видео можеме да ја видиме пејачката Маета (21) како лежи на подот, а врз неа има змии. Таа беше насмеана, сè до моментот додека една од змиите не дојде до нејзината брада и ја касна.
„Низ што сè морам да поминам за да снимам видео за вас“ – напиша таа во описот до видеото.
https://www.instagram.com/tv/CXrFm1dJ7FU/?utm_source=ig_web_copy_link
Истото видео таа го објави и на Твитер, а над него во описот напиша: „Никогаш повеќе“
Како што пишува People за среќа змиите не биле отровни и пејачката не била повредена, освен што била касната од змијата.
Маета објавува свои песни на SoundCloud уште кога била тинејџерка, а изминатата година потпиша договор со продуцентската куќа Roc Nation на Џеј Зи и го објави својот деби албум Habits.
Инаку Маета е мошне активна на социјалните мрежи. На Инстаграм има 116.000 следбеници, каде објавува сопствени фотографии, информации за нејзините настапи и видеа од нејзината кариера.
На YouTube каналот исто така редовно објавува музички видеа, песни и видеа од зад-сцените.
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





