По скандалите со Тристан, Клои Кардашијан непрепознатлива – нема ниту трага од облините (фото)

Не остана ниту трага од некогашните облини на Клои Кардашијан. За првпат по скандалите со нејзиното поранешно момче Тристан Томпосн, ријалити ѕвездата беше фотографирана од папараци, а изгледаше целосно непрепознатливо.

po-skandalite-so-tristan-kloi-kardashijan-neprepoznatliva-nema-nitu-traga-od-oblinite-foto-01.jpg

Клои Кардашијан (37) беше уловена од папараци додека се шеташе со ќеркичката Тру Томпсон (3) и внуката од братот Роб, Дрим, низ Лос Анџелес, а забележително е дека таа неверојатно многу ослабела па воопшто не се забележуваат облините на нејзиното тело по кои беше препознатлива.

po-skandalite-so-tristan-kloi-kardashijan-neprepoznatliva-nema-nitu-traga-od-oblinite-foto-02.jpg

Клои Кардашијан во изминатиот период беше во фокусот на јавноста поради неверството на нејзиното поранешно момче Тристан Томпсон кој од аферата со Морали Николс го доби своето трето дете.

po-skandalite-so-tristan-kloi-kardashijan-neprepoznatliva-nema-nitu-traga-od-oblinite-foto-03.jpg

Тристан во периодот околу март 2021-ва година додека сѐ уште беше во врска со Клои имал афера со фитнес инструкторката, а јавно им се извини и на Клои и на ќеркичката Тру за скандалот.

po-skandalite-so-tristan-kloi-kardashijan-neprepoznatliva-nema-nitu-traga-od-oblinite-foto-04.jpg

Клои во минатото често беше мета на критики поради тоа што премногу ги обработува фотографиите, но папарацо фотографиите најчесто се необработени и прикажуваат како славните изгледаат навистина.

Ова е првпат Клои да биде „уловена“ од папараци во јавност по скандалот, а ако може да се суди по нејзиниот изглед, очигледно не е толку рамнодушна на пишувањата во медиумите.

Иако во минатото веќе се шпекулираше дека Клои ги извадила имплантите од задникот, во најновите фотографии може да се забележи дека таа е значително ослабена, со рамен стомак и задник. Нема ниту трага од некогашните облини по кои беше препознатлива.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скандалите на Лука Дончиќ - Со години се судеше со мајка му, сега води правна битка со бившата сврше... Во 2018 година Лука почна правна битка против својата мајка, а по 5 години ја по...
Клои Кардашијан немала односи над 3 години: „Мајка ми ме тера да правам голи фотки, за секој случај“ Клои вели дека мајка ѝ Крис ја поттикнува да се фокусира на изгледот, да изгледа...
Гафови со кои славните личности покажаа дека не се најпаметни Ким Кардашијан тврди дека слетувањето на Месечината е лажно, а како извор ги нав...
Ја изневери Клои пред да се породи, има 4 деца од 3 жени: Скандалите од кои Тристан Томпсон не можеш... Поради некоја причина, Клои Кардашијан многупати му прости на Тристан Томпсон, а...
Беше во врска со Бруклин Бекам, па се венча сo девојка - Актерката Клои Мориц направи тајна свадба Клои и Кејт почнаа да се гледаат брзо откако Клои ја раскина врската со синот на...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...

Најчитани неделава