Џенифер Лопез искрено за врската со Бен Афлек: „Научивме од грешките - не сакаме минатото да ни се повтори“

„Среќна сум и горда што сум со него. Тој денес е таков како што порано посакував да биде“ – вели Џенифер Лопез за Бен Афлек со кого во текот на минатата година ја обнови врската по 17 години пауза.

djenifer-lopez-iskreno-za-vrskata-so-ben-aflek-nauchivme-od-greshkite-ne-sakame-minatoto-da-ni-se-povtori-01.jpg

Пејачката Џенифер Лопез (52) даде пообемно интервју за People во кое говореше за својата романтична врска со поранешниот свршеник Бен Афлек, со кого по 17 години одлучи да ја обнови врската и да му даде нова шанса.

djenifer-lopez-iskreno-za-vrskata-so-ben-aflek-nauchivme-od-greshkite-ne-sakame-minatoto-da-ni-se-povtori-02.jpg

Во интервјуто што ќе биде објавено на Денот на вљубените, таа вели дека никогаш не била посреќна и дека се гордее со тоа што повторно е со својот поранешен свршеник.

Џенифер Лопез искрено раскажува како на почетокот кога одлучиле да ја обноват врската по вторпат биле малку уплашени заради медиумскиот хаос што им се случи првиот пат во периодот од 2002 до 2004 година.

djenifer-lopez-iskreno-za-vrskata-so-ben-aflek-nauchivme-od-greshkite-ne-sakame-minatoto-da-ni-se-povtori-04.jpg

Во тој период нивната врска во целост се одвиваше јавно и речиси и да немаше ден тие да не бидат застапени во медиумите.

„Претходно некако ја изнесовме нашата врска во јавноста и бевме малку наивни, па поради тоа бевме прегазени.

Овојпат знаевме дека сме среќни и не сакавме било што од минатото да ни се повтори. Сега сме повозрасни, попаметни, имаме повеќе искуство, имаме деца и постојано сме свесни за овие работи.

Мошне сме заштитнички настроени затоа што ова е навистина убав период за сите нас“ – вели таа.

djenifer-lopez-iskreno-za-vrskata-so-ben-aflek-nauchivme-od-greshkite-ne-sakame-minatoto-da-ni-se-povtori-03.jpg

Таа вели дека сега е подготвена да направи сѐ за да ја заштити врската со Бен, но напоменува дека нештата се многу поинакви отколку првиот пат:

„Вистинска реткост е да најдете некого што многу го сакате и со него да добиете втора шанса и затоа не го земаме тоа здраво за готово“.

djenifer-lopez-iskreno-za-vrskata-so-ben-aflek-nauchivme-od-greshkite-ne-sakame-minatoto-da-ni-se-povtori-06.jpg

Афлек во минатото се бореше со пороците, зад себе има еден пропаднат брак со Џенифер Гарнер и во неколку наврати говореше за тоа дека се срами од сопственото минато.

Тој пред извесно време беше актуелен и со изјавата во која ја обвини неговата поранешна сопруга за проблемите со алкохолизмот.

Сепак, Џеј Ло останува на страната на своето момче па вели:

„Гледам каква личност станал денес, како човек, каков маж, каков татко, каков партнер – тој денес е сѐ она што знаев дека ќе биде и каков што посакував да биде“.

djenifer-lopez-iskreno-za-vrskata-so-ben-aflek-nauchivme-od-greshkite-ne-sakame-minatoto-da-ni-se-povtori-08.jpg

Прочитајте и Се вљубил во Џенифер Гарнер додека бил со Џеј Ло: Детали како Бен Афлек раскина со Џеј Ло и се ожени со Гарнер

Поп-дивата која е мајка на близнаците Еме и Макс (13) од бракот со Марк Ентони вели дека сѐ уште верува во среќен крај и во вистинска љубов.

„Можам да ги научам моите деца дека вистинската љубов навистина постои. Дека некои работи навистина се вечни, но патот до нив не е рамномерен“ – вели таа.

djenifer-lopez-iskreno-za-vrskata-so-ben-aflek-nauchivme-od-greshkite-ne-sakame-minatoto-da-ni-se-povtori-07.jpg

Во однос на идните планови и дали наскоро повторно може да се очекува брак, таа дипломатски одговара дека во моментов само сака нејзината иднина да биде исполнета со љубов и среќа со нејзините деца и со партнерот.

„Само сметам дека сите сакаат да бидат среќни, да имаат со некого да остарат и навистина се чувствувам одлично сега“ – вели таа.

djenifer-lopez-iskreno-za-vrskata-so-ben-aflek-nauchivme-od-greshkite-ne-sakame-minatoto-da-ni-se-povtori-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg