На 90 години позира гламурозно, Елвис го нарече „аматер во кревет“ – Која е скандалозната холивудска актерка Рита Морено?
- Детали
- недела, 06 март 2022
Холивудската актерка Рита Морено на 90 години направи фотосесија и покажа дека сè уште е една од најубавите жени во Холивуд. Таа имала афера со Марлон Брандо, а била во врска со Елвис Присли и за овие врски откри повеќе детали. Што знаеме за неа?
Повозрасните сигурно знаат која е Рита Морено, но за помладите таа е сосема непозната. Актерката своевремено ги крадеше воздишките поради својот гламурозен изглед, а ја шокираше јавноста со своите скандалозни интервјуа во повеќе наврати.
Таа беше првата латино-американска актерка што освои Оскар во 1961-та година, своевремено важеше за една од најубавите актерки во Холивуд, а сега на возраст од 90 години се фотографираше за магазинот Town and Country и нѐ потсети на гламурот на стариот Холивуд.
„Само да кажам дека за себеси никогаш не сум сметала дека сум легенда. Претпоставувам дека сум легенда. Кога почнав, сакав само да бидам актерка во филмови. Сакав да бидам ѕвезда. Тоа го сакав уште кога имав пет години“ – рече таа.
Рита Морено со своите изјави важи и за една од најскандалозните жени во Холивуд. Имала афера со Марлон Брандо, била во врска со Елвис Присли, а отворено говореше за овие две врски.
Во продолжение да проследиме неколку интересни факти за Рита Морено:
Рита Морено е родена како Роза Долорес Алверио во 1931-ва година во Порторико. Кога имала 5 години нејзината мајка успеала да собере доволно пари и да се преселат во Њујорк, но зад себе морале да го остават нејзиниот помал брат Франциско.
Уште од 5-годишна возраст Рита/ Роза почнала да посетува часови по танц, а на 11 години почнала да се појавува во шпанските верзии на американските филмови. За првпат се појавила во Бродвеј на возраст од само 13 години.
Уметничкото име Рита Морено го прифатила во 1950-та година, кога за првпат се појавила во филмот So Young, So Bad.
Рита била во врска со холивудскиот заводник Марлон Брандо од 1954-та година, а таа афера со прекини траела цели 10 години. Се запознале кога актерката имала само 22 години, а како што вели, тој ја изневерувал и се обидувал да ја лаже.
Рита призна дека заради Марлон Брандо била толку несреќна што дури се обидела и да си го одземе животот, а во своите мемоари откри дека кога останала бремена тој од неа побарал да абортира.
На следната страна прочитајте повеќе за врската на Рита со Елвис Присли...
Би можело да ве интересира:


