На 90 години позира гламурозно, Елвис го нарече „аматер во кревет“ – Која е скандалозната холивудска актерка Рита Морено?
За да го направи Марлон Брандо љубоморен, Рита одлучила да почне да се гледа со кралот на рокенролот Елвис Присли. Таа раскажува како еднаш во нивниот дом нашла женска долна облека што не била нејзина и кога агентот на Присли потоа ја побарал за да ја праша дали би сакала да излезе со него, веднаш прифатила.
Според Рита, Брандо бил толку лут затоа што таа прифатила да излезе со Присли и веднаш почнал да фрла столчиња во нивниот дом.
Инаку, во своите мемоари Рита откри и неколку интересни детали за врската со Елвис Присли, па особено внимание привлече тоа што за него рече дека во споредба со сексот што го имала со Брандо, изведбата на кралот на рокенролот била „аматерска“.
Во 1961-ва година Рита добила Оскар за најдобра споредна женска улога, за улогата на Анита во филмската адаптација на претставата West Side Story. Таа е првата латино-американска актерка што некогаш ја добила престижната награда.
Рита во 1965-та година стапи во брак со Лени Гордон. Тие беа во брак до смртта на Лени во 2010-та година, а актерката јавно призна дека била мошне несреќна во бракот. Како што откри самата во документарниот филм посветен за нејзиниот живот, доцна сфатила дека ѝ било потребно да биде независна.
Рита и Лени имаат една ќерка заедно, Фернанда Гордон. Актерката вели дека нејзиниот сопруг бил прекрасен татко, но едноставно нивниот брак никогаш не функционирал.
Во 2018-та година Рита привлече огромно внимание и кога на црвениот тепих на Оскарите се појави во истиот фустан од 1961-ва година што го носела вечерта кога ја добила златната статуетка.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др...
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...