Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Откриени детали за свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц – Бекамови се подготвуваат за спектакл (фото)

Најстариот син на Бекамови, Бруклин (23) ќе се ожени за актерката Никола Пелц (27). Венчавката е закажана на 9 април и најверојатно ќе се одржи во вилата на милијардерот Нелсон Пелц, таткото на невестата, во Палм Бич, на Флорида.

Otkrieni-detali-za-svadbata-na-Briklin-Bekam-i-Nikola-Pelc-01.jpg

„Создаваме посебни спомени. Плановите за венчавката се во тек, а родителите се облечени и подготвени“, напиша Дејвид Бекам на неговиот профил на Инстаграм, позирајќи со неговиот татко и таткото на Викторија.

Вилата во која парот ќе го каже судбоносното ДА се наоѓа покрај море и има 27 соби, а нејзината вредност е проценета на 76 милиони фунти.

Познато е и дека меѓу гостите ќе бидат Џиџи Хадид, Никол Ричи, Гордон Ремзи и други познати личности.

Otkrieni-detali-za-svadbata-na-Briklin-Bekam-i-Nikola-Pelc-02.jpg

Двојката проговори за свадбените детали во изминатите неколку месеци, а неодамна во видеоинтервју за „Вог“ во коешто Бруклин ѝ подготви вечера на Никола за Денот на вљубените, идните сопружници споделија дека тоа ќе биде еврејска венчавка, а Бруклин ќе носи јармулка (традиционална еврејска капа).

„Цела подготовка за венчавката е многу забавна. Чудно е, бидејќи колку повеќе состаноци имаме за свадбата, толку повистинито делува. Уште е нереално, на некој начин. Возбуден сум. Ќе носам јармулка“, изјави Бруклин.

Што се однесува до венчаницата на Никола, претходно имаше шпекулации околу тоа дали нејзината идна свекрва, Викторија, ќе го дизајнира фустанот.

Меѓутоа, во едно интервју минатата година, Никола откри дека се одлучила за тоалета на Валентино, соработувајќи со креативниот директор Пјерпаоло Пичоли. Таа проговори за искуството.

„Двапати бевме во Рим и ги набљудувавме сите во ателјето, тие се толку талентирани… Навистина е прекрасна работа да се биде дел од процесот, и многу е возбудливо… Креативниот процес беше забавен, како наоѓањето на совршенa ткаенина“.

Сепак, многумина не ја исклучуваат можноста дека во вечерниот дел од забавата, идната невеста ќе се појави во креација на Викторија Бекам.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Викторија Бекам на крстарење со новата снаа: „Загрижена е бидејќи е 9 години постара од син ѝ Круз“ „Викторија е среќна за врската на Круз, но малку е загрижена бидејќи е скоро 10 ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меколи Калкин откри сладок семеен момент: „Син ми мисли дека тој е Кевин од Home Alone“ „Тој мисли дека е Кевин. Го прашувам – се сеќаваш ли дека си се лизгал по скалит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg