Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022
Шивач/ки 08-08-2022


Тревис побарал дозвола да се ожени со Кортни, на гробот на татко ѝ, не ѝ ги викнал децата – нови детали за свршувачката

Тревис Баркер побарал дозвола од Крис Џенер, но и од починатиот татко на Кортни за да ја побара за жена, а целото семејство едвај се воздржало да го чува во тајност неговиот план. Во меѓувреме, децата на Кортни биле тажни и не сфаќале зошто и тие не биле дел од важниот момент.

trevis-pobaral-dozvola-na-grobot-na-tatkoto-na-kortni-nejzinite-deca-ne-bile-pokaneti-novi-detali-za-svrshuvachkata-01.jpg

Тревис Баркер ја побара Кортни Кардашијан за жена во октомври минатата година, но дури сега имаме можност да ги дознаеме сите детали.

Семејството Кардашијан-Џенер не откриваше ништо за запросувањето бидејќи тоа е опфатено во нивното ново ријалити шоу.

trevis-pobaral-dozvola-na-grobot-na-tatkoto-na-kortni-nejzinite-deca-ne-bile-pokaneti-novi-detali-za-svrshuvachkata-09.jpg

Во новата епизода од шоуто, Тревис го посетува гробот на таткото на Кортни за да побара дозвола од него да ја земе Кортни.

Истовремено, зборува и бившиот на Кортни – Скот Дисик – кој вели дека нивните деца биле разочарани што не биле дел од важниот настан.

Тревис сакал да ја запроси Кортни на 17-ти октомври бидејќи тогаш навршувала точно една година од нивниот прв состанок. Целото семејство било вклучено во планирањето, а сега знаеме и што ѝ кажал Тревис на Кортни додека биле на плажата.

trevis-pobaral-dozvola-na-grobot-na-tatkoto-na-kortni-nejzinite-deca-ne-bile-pokaneti-novi-detali-za-svrshuvachkata-06.jpg

Тревис претходно напишал цел говор, а дел од него беше прикажан во ријалити шоуто:

„Пред една година се вљубив во тебе. Доволна беше само една ноќ со тебе. Со години беше еден од моите најдобри пријатели. Ти се восхитував толку долго. Ти си љубовта на мојот живот. Кортни, сакам да го поминам остатокот од животот со тебе. Ќе се омажиш ли за мене?“

trevis-pobaral-dozvola-na-grobot-na-tatkoto-na-kortni-nejzinite-deca-ne-bile-pokaneti-novi-detali-za-svrshuvachkata-12.jpg

Во шоуто е прикажан и моментот кога Тревис Баркер ѝ се јавува на Крис Џенер и бара дозвола да ја побара за жена 43-годишната Кортни.

Крис, пак, била трогната бидејќи Тревис побарал дозвола и од таткото на Кортни, така што го посетил неговиот гроб.

„Ме праша за дозвола и, буквално, сакав да заплачам. Беше многу слатко и нежно. Потоа рече дека отишол на гробот на татко ѝ за да побара дозвола и повеќе не можев да ги додржам солзите. Ова е голема среќа. Само посакувам татко ѝ да беше овде да ја видеше“.

trevis-pobaral-dozvola-na-grobot-na-tatkoto-na-kortni-nejzinite-deca-ne-bile-pokaneti-novi-detali-za-svrshuvachkata-13.jpg

Сепак, нештата не оделе по план бидејќи на денот кога Тревис го планирал запросувањето, Кортни закажала процедура за вадење јајце клетки.

Според сестрите на Кортни, Тревис испланирал сè до најситен детаљ, па дури имал и резервен план во случај првиот да пропадне.

На почетокот знаеле само тој и Ким која му помогнала најмногу во организирањето.

trevis-pobaral-dozvola-na-grobot-na-tatkoto-na-kortni-nejzinite-deca-ne-bile-pokaneti-novi-detali-za-svrshuvachkata-03.jpg

За среќа, процедурата на Кортни била преместена за друг ден, па Тревис имал можност да си го оствари планот.

Подоцна во епизодата, сестрите на Кортни зборуваат и за нејзиното поранешно момче Скот Дисик со кого таа има три деца.

„Сигурна сум дека ќе му биде тешко, но тие не можат да го паузираат нивниот живот само поради него“, вели Клои.

trevis-pobaral-dozvola-na-grobot-na-tatkoto-na-kortni-nejzinite-deca-ne-bile-pokaneti-novi-detali-za-svrshuvachkata-02.jpg

Кендал, пак, вели дека е загрижена за неговото ментално здравје и за тоа како ќе изреагира на запросувањето на Кортни.

trevis-pobaral-dozvola-na-grobot-na-tatkoto-na-kortni-nejzinite-deca-ne-bile-pokaneti-novi-detali-za-svrshuvachkata-04.jpg

Во меѓувреме, Скот Дисик откри дека бил разочаран, но уште поразочарани и потажни биле нивните деца бидејќи воопшто не биле вклучени во важниот настан.

„Беа тажни. Не им е јасно зошто не беа таму. Се надевам дека барем ќе ги поканат на венчавката“, вели Скот, па дури прашува и дали тој ќе биде поканет.

trevis-pobaral-dozvola-na-grobot-na-tatkoto-na-kortni-nejzinite-deca-ne-bile-pokaneti-novi-detali-za-svrshuvachkata-15.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа ме тепаше, а потоа велеше дека ќе се самоубие ако си заминам“ - Видео од сведочењето на Џони Де... „Кога татко ми нè напушти мајка ми се обиде да се самоубие, се плашев дека и Амб...
Ја учи ќеркичката да плива, ја храни: Џанлука Ваки ужива во улогата на татко, но и сопруг (фото) Убавата Шерон Фонсека ужива во бракот со шармантниот Италијанец и не штеди на уб...
Кортни Кардашијан откри дека таа го завела Тревис: „Тој немаше никогаш да ме бакне, јас го направив ... „Ме покани да гледаме филм. Додека траеше филмот не проба да ме бакне ниту еднаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg