Има биполарно растројство, заради зависноста од дроги не смеел да го гледа синот - Факти за Жан Клод Ван Дам
За првпат во 1986-та година се појавил во филмот No Retreat, No Surrender, со што бил означен почетокот на неговата холивудска кариера.

Во екот на својата слава во 90-тите години на минатиот век актерот бил зависен од кокаин и таблети за спиење и бил уапсен бидејќи возел под дејство на опојни супстанци во 1999-та година.

Во истиот период на актерот му било дијагностицирано и биполарно растројство за кое постојано зема лекови.

Жан Клод Ван Дам се женел петпати за четири жени. Пред да се пресели во САД, во 1981-ва година, стапил во брак со Марија Родригез од Венецуела, со која се развеле во 1984-та година.

Во 1985-та година се оженил со Синтија Дердериан, со која се развел по само 3 месеци брак. Од 1987-ма до 1992-ра година бил во брак со бодибилдерката Гладис Португес со која има две деца (Бјанка Ван Варенберг и Кристофер Ван Варенберг).

Во периодот од 1994-та до 1997-ма година бил во брак со Дарси Лапјер, со која го добил синот Николас. Лапјер трипати поднесувала документи за развод, а кога Николас се родил во 1995-та наводно актерот ја обвил тогашната сопруга дека тој не е негов син.

По разводот во 1997-ма година Дарси излегла со тврдење дека ѝ е страв да биде во близина на нејзиниот сопруг затоа што трпела физичко и ментално малтретирање, но и заради неговата зависност од кокаин. По ова Жан Клод Ван Дам загубил право на пристап до неговиот син.

Во 2012-та година Жан Клод Ван Дам призна дека додека бил во брак со Дарси, ја изневерил со неговата колешка од филмот Street Fighter, Кајли Миног.

Загубата на правото да го гледа синот, наводно била главна причина за актерот да го промени сопствениот живот и да се откаже од дрогата. Во 1999-та година одлучил повторно да се ожени со втората сопруга и мајка на неговите две деца, Гладис Португес. Во 2015-та година почнаа да кружат гласини за нов развод, но тоа не се случи.

Најпознатата урбана легенда што кружи за него е дека имал приватна борба со рускиот претстедател Владимир Путин. Во интервју од 2017-та година актерот потврди дека борбата навистина се случила. Наводно, во моментот кога тој се наведнал да земе лабело од торбата, обезбедувањето на претстедателот рипнало врз него да проверат да не вади пиштол.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о...
Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи...
„Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо
Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн...
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли...
Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...