Русокоса хостеса или модел на OnlyFans - Која е љубовницата со која Шакира го фатила Пике на дело?

Шакира го „фатила на дело“ Пике како ја изневерува, а Сузи Кортез која е модел за OnlyFans тврди дека фудбалерот ја прогонувал на социјалните мрежи. Која е девојката што му била љубовница на Жерар Пике и која е главна причина за разделбата со Шакира?

nepoznata-rusokosa-hostesa-ili-model-na-onlyfans-koja-e-ljubovnicata-so-koja-shakira-go-fatila-pike-na-delo-01.jpg

Шакира и Пике се топ тема во изминатите две недели, а шпанските новинари имаат полни раце работа за да одгатнат која е жената со која Шакира наводно го „фатила на дело“ нејзиниот партнер и која е виновна за разделбата?

Пике во моментов живее сам во својот стан во Барселона, додека пејачката е опкружена со синовите Милан и Саша, и членовите на нејзиното потесно семејство, родителите и деветте браќа и сестри.

Во официјалното соопштение за разделбата, Шакира и Пике не ги коментираа гласините за наводно неверство, а се шпекулира за тоа кој е идентитетот на љубовницата.

nepoznata-rusokosa-hostesa-ili-model-na-onlyfans-koja-e-ljubovnicata-so-koja-shakira-go-fatila-pike-na-delo-02.jpg

Според шпанскиот весник El Periodico кој детално ги следеше случувањата во животот на Шакира и Пике, фудбалерот на Барселона ја изневерил со 20-годишна „русокоса“ хостеса на настани, а наводно заедно со неа се преселил во станот во Барселона и неколку дена не излегувал оттаму.

nepoznata-rusokosa-hostesa-ili-model-na-onlyfans-koja-e-ljubovnicata-so-koja-shakira-go-fatila-pike-na-delo-02.jpg

Од друга страна, пак, моделот и поранешен Мис Бум Бум (2019-та година) Сузи Кортез излезе со тврдење дека Пике ѝ праќал приватни пораки на социјалните мрежи, а не сакала да излезе да ги сподели информациите во јавноста затоа што ѝ било жал за Шакира.

Сузи Кортез (32) работи на OnlyFans, а стана позната откако го истетовира лицето на Лионел Меси. Таа тврди дека Пике го нашол нејзиниот телефонски број и секојдневно ѝ праќал пораки.

„Додека бев во Бразил секојдневно ми праќаше пораки за да ме праша кога ќе се вратам и колкав ми е задникот, па рече дека е љубоморен затоа што сум го истетовирала Меси.

Единствените мажи од Барселона што не ми се додворувале се Меси и Кутињо. Тие ги почитуваат нивните сопруги, а Шакира не го заслужи ова“ – рече Сузи.

Инаку Сузи има свој Инстаграм профил што го следат над 28.000 следбеници.

Прочитајте и Му ја смени бравата од семејниот дом, тој не добива од нејзиното богатство – Нови детали за разделбата на Шакира и Пике (фото)

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја запознал на сетот на Titanic, ја остави третата сопруга за неа: Љубовта на Џејмс Камерон и сопруг... Режисерот Џејмс Камерон и неговата сопруга се во брак веќе 25 години. Се шпекули...
Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мо... „Моите родители пробуваа да ми ја уништат врската уште пред мојата свадба. Ноќта...
Татко му доби деца со посвоената ќерка, убил 3 луѓе: Скандалите што го растурија семејството на Илон... Илон Маск веќе неколку години не зборува со татко му и иако проблемите меѓу нив ...
Милионски долгови од пред 10 години, планови за OnlyFans за да заработи нешто: Финансиските проблеми... Неодамна Тори Спелинг доби (уште една) тужба за неисплатен долг и тоа во износ о...
Соработник на Диди за неговата мрачна страна: „Не чувствува емоции, веќе планира турнеја за кога ќе ... И покрај потресните сведоштва, Пи Диди доби само четири години зад решетки. Сега...
Шерон Озборн скршена од болка, скриени симболи на облеката - Како семејството му оддаде почит на Ози... Шерон имаше ланче со прстенот кој Ози го го носел во 2017 година, кога ги обнови...

Најчитани неделава