Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


После дебаклот наречен „Морбиус“, сите се прашуваат – како Џаред Лето изгледа така добро на 50 години? (фото)

И покрај ниските оценки од страна на критичарите како и исмевањето од публиката, сепак, поради сеир и малку забава, гледачите решија преку герила твитови и смешни фотки да го вратат Морбиус во кината. Со овој потег, последната адаптација на стриповите на Марвел оствари неверојатно висока заработувачка од продажбата на кино билети ширум светот.

Kako-Dzared-leto-izgleda-taka-dobro-na-50-godini-01.jpg

И покрај оскудното сценарио и по малку смешната и лошо адаптирана приказна, никому не му беше гајле за содржината, сè додека имавме можност да го гледаме неверојатниот Џаред Лето во улогата на Морбиус. Актерот има 50 години, а изгледа речиси двојно помладо.

Која е тајната на неговиот добар изглед?

„Секое утро пијам еден галон (3,7 литри) солена вода. Напишете го тоа во статијата“, вели Џаред Лето.

„И тогаш сите ќе пијат по еден галон солена вода наутро, што за жал ќе ги натера луѓето да се посе*ат во панталоните“.

Актерот дефинитивно не го прави тоа, а не треба ниту некој друг. Лето децидно изјави дека нема што да сподели во врска со неговиот младешки изглед.

„Немам добар одговор за тоа, но веројатно и нема да го споделам“, вели тој, истакнувајќи дека генетиката сигурно игра улога – неговата мајка отсекогаш изгледала младо и здраво.

„Навистина, искрено, на крајот на денот, тоа навистина не е важно“.

Дали неговиот изглед во шестата деценија се должи на генетика, добра исхрана, вежбање или по некоја пластична операција, останува мистерија.

Но, вака изгледа ѕвездата од „Мојот таканаречен живот“ на точно 50 години:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg