Најсреќниот пар во Холивуд на одмор во Грција: „Заедно сме 37 години затоа што никогаш не стапивме во брак“ (фото)

„Јас одлучив да останам во врска со него и Курт одлучи да остане со мене“ – Голди Хоун откри која е тајната за 37-годишната среќна врска со Курт Расел. Парот кој е во осмата деценија од животот е на одмор во Грција. Погледнете како изгледаат денес.

najsrekjniot-par-vo-holivud-na-odmor-vo-grcija-zaedno-sme-37-godini-zatoa-shto-nikogash-ne-stapivme-vo-brak-foto-01.jpg

Голди Хоун (76) и Курт Расел (71) важат за најсреќниот пар во Холивуд, а деновиве беа фотографирани додека уживаа на одмор во Грција.

Голди и Курт се сончаа и уживаа на брод, што многумина ги потсети на култниот филм на актерската двојка од 1976-та година, Overboard.

najsrekjniot-par-vo-holivud-na-odmor-vo-grcija-zaedno-sme-37-godini-zatoa-shto-nikogash-ne-stapivme-vo-brak-foto-03.jpg

Голди и Курт се запознале во 1966-та година кога за првпат заедно играле во 3 филмови, но романтичната врска ја започнале дури во 1983-та година кога заедно играле во филмовите Swing Shift и Overboard.

najsrekjniot-par-vo-holivud-na-odmor-vo-grcija-zaedno-sme-37-godini-zatoa-shto-nikogash-ne-stapivme-vo-brak-foto-17.jpg

Тие заедно го имаат синот Вајат (35), а Курт ѝ помогна на Голди во одгледувањето на нејзините деца Кејт (42) и Оливер (45), од бракот со Бил Хадсон.

najsrekjniot-par-vo-holivud-na-odmor-vo-grcija-zaedno-sme-37-godini-zatoa-shto-nikogash-ne-stapivme-vo-brak-foto-06.jpg

Годинава на Денот на вљубените (14.02) тие прославија 37 години заеднички живот. Интересно е тоа што иако важат за најсреќен пар во Холивуд, тие никогаш не стапиле во брак, а во една прилика Голди ја откри тајната за долгата врска.

„Одамна ќе бевме разведени ако стапевме во брак. Ако имате доволно пари и чувство на независност и секако доколку сакате да останете независни, постои нешто психолошко во тоа што не стапувате во брак затоа што ви дава слобода сами да носите одлуки.

Јас сакав да останам во врската, Курт одлучи да остане и ни се допаѓа тој избор“ – рече таа.

Погледнете повеќе фотографии од одморот на Курт и Голди во Грција:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Деми Мур е бикини кралица во Грција на 60 години - рамен стомак, само малку целулит и лице без шминк... Деми Мур е доказ дека жените се секси во секоја деценија од животот, изгледа фит...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg