Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022
Шивач/ки 08-08-2022


Вера Ванг изгледа како млада девојка и на 73 години – го прослави роденденот со луксузна караоке забава (фото)

Вера Ванг го прослави 73-тиот роденден со караоке забава, а од фотографиите што ги објави е јасно дека времето застанало за неа – дизајнерката уште изгледа како млада девојка.

vera-vang-izgleda-kako-mlada-devojka-i-na-73-godini-go-proslavi-rodendenot-so-luksuzna-karaoke-zabava-foto-01.jpg

Познатата модна дизајнерка го прослави 73-тиот роденден, а по сè изгледа дека годините се навистина само број за неа.

Дизајнерката сподели неколку фотки од прославата и изгледа подобро од кога било.

За пригодата Вера носеше кратки панталони и фустан со огромен шлиц на предниот дел со боја на лаванда. Комбинацијата ја дополнила со сребрени штикли и круна, а дури и бојата на косата ѝ беше складна со облеката.

vera-vang-izgleda-kako-mlada-devojka-i-na-73-godini-go-proslavi-rodendenot-so-luksuzna-karaoke-zabava-foto-02.jpg

Од фотографиите се гледа дека и кај декорациите за прославата доминираат розовата и бојата на лаванда.

vera-vang-izgleda-kako-mlada-devojka-i-na-73-godini-go-proslavi-rodendenot-so-luksuzna-karaoke-zabava-foto-04.jpg

Роденденската торта на дизајнерката има сребрена боја и е украсена со розови цветови.

Таа сподели и видео со кое откри дека гостите се забавувале со караоке.

vera-vang-izgleda-kako-mlada-devojka-i-na-73-godini-go-proslavi-rodendenot-so-luksuzna-karaoke-zabava-foto-06.jpg

Покрај венчаниците кои се нејзин заштитен знак, Вера Ванг привлекува многу внимание и со младешкиот изглед.

Иако на 27 јуни наполни 73 години, ако не го знаете овој факт, веројатно би помислиле дека има 40, најмногу 50 години.

Иако постојат гласини дека има направено пластични операции, самата тврди дека младешкиот изглед се должи на гените, но и здравиот начин на живот.

Наводно, таа секојдневно медитира и вежба јога, се храни здраво, а од пијалаци си дозволува само диетална Кока-кола и одвреме-навреме коктел со вотка.

Вера тврди и дека за викендите кога е слободна спие по 10 часа навечер, а смета дека тоа е клучно за добриот изглед.

Иако можеби дизајнерката има направено лифтинг или некоја мала процедура за подмладување, нејзиниот младешки изглед сепак е за восхит.

Повеќе фотки од дизајнерката:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој е новиот дечко на бившата жена на Илон Маск, со која двапати се женеше и разведуваше? По Илон Маск (51), актерката Талула Рајли (36) е во врска со 32-годишниот актер ...
Никогаш не е доцна: 6 познати актери кои се прославија дури по 50-тата година од животот На сите ни се чини дека Морган Фримен бил славен актер целиот негов живот, но то...
Пејачка се прошета топлес на BET Awards 2022 и поттикна лавина од критики Кога сакаш со голотија да издоминираш на настан и ќе го налутиш светот… Бремена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg