Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022
Шивач/ки 08-08-2022


Ќерката на Барак Обама со ново момче откако раскина со колегата од Харвард – постар е од неа 9 години, потекнува од Етиопија (фото)

Постарата ќерка на Барак Обама – Малија – деновиве неколкупати се појави во јавност со новото момче кое е 9 години постаро од неа, потекнува од Етиопија и работи како музички продуцент.

kjerkata-na-barak-obama-so-novo-momche-otkako-raskina-so-kolegata-od-harvard-postar-e-od-nea-9-godini-poteknuva-od-etiopija-foto-01.jpg

Постарата ќерка на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, ја потврди врската со девет години постарото момче.

24-годишната Малија и нејзиното момче неколкупати беа видени во јавност, но секојпат држеа дистанца. Поради ова, досега постоеја само гласини дека се пар.

kjerkata-na-barak-obama-so-novo-momche-otkako-raskina-so-kolegata-od-harvard-postar-e-od-nea-9-godini-poteknuva-od-etiopija-foto-10.jpg

kjerkata-na-barak-obama-so-novo-momche-otkako-raskina-so-kolegata-od-harvard-postar-e-od-nea-9-godini-poteknuva-od-etiopija-foto-05.jpg

Но, сега Малија и момчето беа забележани во Лос Анџелес како шетаат прегрнати и фатени за рака.

kjerkata-na-barak-obama-so-novo-momche-otkako-raskina-so-kolegata-od-harvard-postar-e-od-nea-9-godini-poteknuva-od-etiopija-foto-04.jpg

Од Daily Mail го открија и идентитетот на новото момче на Малија и наводно станува збор за музички продуцент кој потекнува од Етиопија.

Продуцентот се вика Давид Екланд и е девет години постар од Малија. Според Daily Mail, следната недела тој ќе го прослави 33-иот роденден.

Малија и Давид беа забележани во Лос Анџелес, и тоа третпат во рок од само неколку денови.

kjerkata-na-barak-obama-so-novo-momche-otkako-raskina-so-kolegata-od-harvard-postar-e-od-nea-9-godini-poteknuva-od-etiopija-foto-08.jpg

Малија носеше широки зелени фармерки во комбинација со кроп-топ маичка. Нејзиниот сакан носеше шорцеви со зелена боја и розова маичка.

Претходно Малија имаше сериозна врска со колега од Харвард, но бидејќи добро ја чува својата приватност, сè до неодамна беше непознатo дали уште се заедно.

kjerkata-na-barak-obama-so-novo-momche-otkako-raskina-so-kolegata-od-harvard-postar-e-od-nea-9-godini-poteknuva-od-etiopija-foto-03.jpg

Но, штом 24-годишната девојка се појави со новото момче, стана јасно дека ставила крај на претходната романса.

Како што веќе спомнавме, новото момче на Малија наскоро полни 33 години, работи како музички продуцент и потекнува од моќно семејство.

kjerkata-na-barak-obama-so-novo-momche-otkako-raskina-so-kolegata-od-harvard-postar-e-od-nea-9-godini-poteknuva-od-etiopija-foto-06.jpg

Неговиот татко е Џон Екланд кој има работено во неколку американски амбасади во Африка.

Наводно, таткото на Давид им помогнал и на многу бегалци во раните 2000-ти кои поради војната во Судан побегнале во Етиопија.

Мајката на Давид – Јеши – потекнува од Етиопија, од моќно семејство бизнисмени.

kjerkata-na-barak-obama-so-novo-momche-otkako-raskina-so-kolegata-od-harvard-postar-e-od-nea-9-godini-poteknuva-od-etiopija-foto-02.jpg

Родителите на продуцентот живеат во Брегот на Слоновата Коска, но имаат и дом во Вашингтон.

Се претпоставува дека парот се запознал во Лос Анџелес, каде што Малија се пресели пред околу една година откако заврши на Харвард.

kjerkata-na-barak-obama-so-novo-momche-otkako-raskina-so-kolegata-od-harvard-postar-e-od-nea-9-godini-poteknuva-od-etiopija-foto-07.jpg

kjerkata-na-barak-obama-so-novo-momche-otkako-raskina-so-kolegata-od-harvard-postar-e-od-nea-9-godini-poteknuva-od-etiopija-foto-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Барак Обама (60) во фит издание на Хаваи со ќерките - помалата ќерка во танга бикини (фото) 60-годишниот Обама беше фотографиран во фит форма додека се капеше во Тихиот Оке...
Никогаш не е доцна: 6 познати актери кои се прославија дури по 50-тата година од животот На сите ни се чини дека Морган Фримен бил славен актер целиот негов живот, но то...
Џорџ Клуни и уште 7 познати мажи кои го добија првото дете по 50-тиот роденден Џорџ и Амал Клуни ги добија близнаците Ела и Александер кога актерот имаше 56 го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg