Ричард Гир (72) на настан со сопругата (39) по одморот на Ибица со децата - стравува дека нема да дочека да гледа како растат (фото)

Ричард Гир на 72-годишна возрат доби награда за животно дело, а на церемонијата присуствуваше со 33 години помладата сопруга. Парот има две деца, родени во 2019 и 2020 година, а поради неговата возраст, актерот има изјавено дека е загрижен дека нема да дочека да ги види како ќе пораснат. Но, вербата во будизмот и реинкарнацијата му давала надеж дека ќе се врати во нивните животи. 

richard-gir-72-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-dodeka-stravuva-deka-nema-da-dozhivee-da-vidi-kako-rastat-decata-so-39-godishnata-sopruga-01.jpg

Ричард Гир доби награда за животно дело на филмскиот фестивал Magna Graecia, а на свеченоста се појави заедно со сопругата Алехандра Силва која е 33 години помлада од него.

И покрај големата возрасна разлика, 72-годишниот актер и неговата 39-годишна сопруга изгледаат среќно и вљубено на црвениот тепих на церемонијата која се одржа во Италија.

richard-gir-72-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-dodeka-stravuva-deka-nema-da-dozhivee-da-vidi-kako-rastat-decata-so-39-godishnata-sopruga-07.jpg

За пригодата актерот носеше црн костум во комбинација со бела кошула. Алехандра, пак, се појави со долг широк фустан, во комбинација со сандали на платформа.

richard-gir-72-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-dodeka-stravuva-deka-nema-da-dozhivee-da-vidi-kako-rastat-decata-so-39-godishnata-sopruga-08.jpg

richard-gir-72-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-dodeka-stravuva-deka-nema-da-dozhivee-da-vidi-kako-rastat-decata-so-39-godishnata-sopruga06.jpg

Кратко пред да ја добие наградата, актерот беше на Ибица со сопругата и двете нивни деца.

И Ричард и Алехандра имаат поголеми синови од претходи бракови, а заедно добија два сина, и тоа релативно неодамна.

richard-gir-72-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-dodeka-stravuva-deka-nema-da-dozhivee-da-vidi-kako-rastat-decata-so-39-godishnata-sopruga-11.jpg

Тие стапија во брак во 2018 година, а следната година го добија првото дете. Второто им се роди во 2020-та.

Иако парот изгледа навистина среќно, наводно актерот некогаш стравувал дека нема да има можност да гледа како растат неговите деца поради неговата возраст.

„Знае дека е многу стар за да биде татко. И самиот може да пресмета – јасно му е дека неговото време е ограничено“, вели извор близок до актерот.

richard-gir-72-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-dodeka-stravuva-deka-nema-da-dozhivee-da-vidi-kako-rastat-decata-so-39-godishnata-sopruga-05.jpg

Како што веќе спомнавме, Ричард има син кој веќе има 22 години, а наводно чекал долг период за уште еднаш да стане татко бидејќи прво сакал да ја најде вистинската жена. Причината за ова е проблематичниот развод со претходната сопруга.

„Ричард сакаше да биде сигурен дека ја нашол вистинската партнерка пред да добие уште едно дете. Но, кога со Алехандра дознаа дека очекуваат дете, тој сфати дека ќе му биде особено тешко да се грижи за мало дете“.

richard-gir-72-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-dodeka-stravuva-deka-nema-da-dozhivee-da-vidi-kako-rastat-decata-so-39-godishnata-sopruga-04.jpg

Сепак, иако бил исплашен дека ќе умре пред неговите деца да пораснат, извори блиски до актерот велат дека неговата верба во будизмот и реинкарнацијата му даваат некаква надеж.

Актерот се познава и со Далај Лама кој му помогнал да го сфати ова.

„Далај Лама го потсети дека како будист, актерот верува во реинкарнација. Тој најде утеха во помислата дека ако умре пред децата да станат возрасни, на некој начин ќе се врати во нивните животи. Ова му дава некаков мир“.

richard-gir-72-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-dodeka-stravuva-deka-nema-da-dozhivee-da-vidi-kako-rastat-decata-so-39-godishnata-sopruga-03.jpg

Возрасната разлика помеѓу актерот и сопругата неретко е тема на разговор, а и самата Алехандра се има огласено во врска со ова.

Таа откри дека го познавала актерот многу одамна, а почнале да се дружат поинтензивно во 2014 година. Иако и двајцата биле свесни за возрасната разлика, чувствата што ги имале еден кон друг биле посилни.

„Се привлековме еден со друг во мигот кога се здогледавме. Не ја игнорирам нашата возрасна разлика, но кога има толку силна кармичка енергија, проблемите исчезнуваат“.

richard-gir-72-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-dodeka-stravuva-deka-nema-da-dozhivee-da-vidi-kako-rastat-decata-so-39-godishnata-sopruga-02.jpg

Алехандра смета дека нивната судбина е да ги поминат најдобрите години од животот заедно.

„Тој е 33 години постар од мене. Ми има ветено барем 20 добри години!“

richard-gir-72-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-dodeka-stravuva-deka-nema-da-dozhivee-da-vidi-kako-rastat-decata-so-39-godishnata-sopruga-09.jpg

Алехандра вели и дека иако актерот е многу постар, сепак се држи одлично, дури и подобро од неа.

„Морам да признаам дека има многу повеќе енергија од мене, многу е поактивен, некогаш ми е тешко да го следам неговото темпо. Како да не е човек!“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Има социјална анксиозност и панични напади, беше во врска со Џесика Бил – кој е Крис Еванс, најсекси... Двапати ја одбил улогата што го направи светски познат, вели дека едвај чека да ...
„Новата девојка ќе му го даде тоа што Шакира не сакаше“ – нови шпекулации за разделбата на Пике и Ша... Ако помислувате на свадба – тогаш се лажете. Сите знаат дека Пике и Шакира долги...
Адам Левин ја изневерувал бремената сопруга со 23-годишна девојка - сака да го крсти детето по неа, ... Адам Левин кој го чека третото дете со сопругата Бехати Принслу наводно имал афе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg