„Сама си ризикуваше“ – Твитерџиите убедени дека Бен Афлек му се вратил на алкохолот по свадбата со Џеј Ло во Лас Вегас (фото)

По кратката разделба заради ангажмани Бен Афлек и Џеј Ло повторно се споија. Парот се бакнува страсно како никој да не ги гледа, а актерот е во видно неуредно издание, откако почнаа да се шират гласини дека тој повторно им се вратил на старите пороци и неговата нова сопруга го испратила во САД да побара помош.

ben-i-djej-lo-povtorno-zaedno-akterot-vidno-neureden-po-glasinite-deka-povtorno-ima-problemi-so-alkoholot-foto-01.jpg

Откако го поминаа заедно медениот месец со семејството во Париз, Бен Афлек (49) и Џенифер Лопез (52) се поделија на различни страни на одредено време. Според пишувањата во медиумите, славниот пар верувал дека со овој чекор ќе ја подобрат врската и бракот.

ben-i-djej-lo-povtorno-zaedno-akterot-vidno-neureden-po-glasinite-deka-povtorno-ima-problemi-so-alkoholot-foto-04.jpg

Според Hollywood Life двајцата актери одлучиле да се разделат неколку денови откако завршил нивниот месец во Европа и да се посветат на работните ангажмани.

Во тие неколку денови имавме можност да видиме дека Џеј Ло сними жешка фотосесија во Италија, каде позираше во костими за капење, a Бен се врати во Лос Анџелес.

ben-i-djej-lo-povtorno-zaedno-akterot-vidno-neureden-po-glasinite-deka-povtorno-ima-problemi-so-alkoholot-foto-03.jpg

Прочитајте и На Бен Афлек му се смачи од медениот месец - Фотки на кои актерот е во лошо расположение додека шета низ Париз

Сепак, дел од медиумите и корисниците на социјалните мрежи тврдат дека разделбата е заради тоа што актерот повторно им се вратил на старите пороци, односно на алкохолот и дека заради тоа морал да се врати во САД.

Според Marca, наводно Џеј Ло побарала од него да се врати во САД и да побара помош затоа што тој повторно има проблеми со алкохолот.

FYXicwUXwAAr22N.jpg

За време на нивниот меден месец во Париз на голем дел од фотографиите можеше да се забележи дека актерот е во лошо расположение и постојано уморен, а неговите фотографии од бродот каде што спие со отворена уста станаа хит-меме на Твитер.

„Веројатно бил пијан и се онесвестил“, „Зошто спие на стол кога има кревет зад него“ - стои во дел од коментарите под твитот.

Од друга страна, други ѝ честитаа на Џеј Ло затоа што собрала храброст да се омажи за Бен во Лас Вегас, градот што е познат по пиење алкохол и коцка – пороците со кои актерот се соочува со години.

„Ако тоа не е преземање ризик, не знам што е“ – стои во еден твит.

Сепак, по неколку дена разделеност, Бен и Џенифер се повторно заедно, а на фотографиите може да се забележи дека Бен повторно е во малку неуредно издание.

ben-i-djej-lo-povtorno-zaedno-akterot-vidno-neureden-po-glasinite-deka-povtorno-ima-problemi-so-alkoholot-foto-07.jpg

Инаку, за потсетување, актерот повеќепати досега бил на рехабилитација за откажување од алкохол, а се чинеше дека во последниот период добро се справува со борбата против пороците.

Сепак, се знае дека секојпат кога е под поголем медиумски притисок тој честопати им се враќа на старите пороци.

ben-i-djej-lo-povtorno-zaedno-akterot-vidno-neureden-po-glasinite-deka-povtorno-ima-problemi-so-alkoholot-foto-08.jpg

Таков беше случајот со улогата во филмот Batman, а минатата година дури и ја обвини поранешната сопруга Џенифер Гарнер за проблемот со алкохолот и рече дека се чувствувал заробен во бракот и заради тоа посегнал по алкохолот.

Сепак, засега ова се само шпекулации. 

ben-i-djej-lo-povtorno-zaedno-akterot-vidno-neureden-po-glasinite-deka-povtorno-ima-problemi-so-alkoholot-foto-05.jpg

ben-i-djej-lo-povtorno-zaedno-akterot-vidno-neureden-po-glasinite-deka-povtorno-ima-problemi-so-alkoholot-foto-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло (52) се омажи со Бен Афлек, 20 години откако ја запроси за првпат Џенифер Лопез и Бен Афлек стапија во брак во Лас Вегас, 3 години откако актерот ...
Џеј Ло (52) со фустан што само дива како неа може да го износи (фото) Со огромни транспарентни делови, дури и во пределот на градите и задникот, ова е...
Ричард Гир (72) на настан со сопругата (39) по одморот на Ибица со децата - стравува дека нема да до... Ричард Гир на 72-годишна возрат доби награда за животно дело, а на церемонијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg