Принцот Хари и Дејвид Бекам беа пријатели со години – Како Меган Маркл им го растури пријателството?
- Детали
- сабота, 20 август 2022
Меган Маркл е виновна за тоа што принцот Хари и Дејвид Бекам не зборуваат иако со години претходно биле пријатели. Меган ја обвинила Викторија за озборување, а Хари се јавил да разговара со Дејвид – Зошто односите меѓу двата славни пара се влошени?
На свадбата на Бруклин Бекам што се одржа минатата пролет, присуствуваа голем број познати личности, но очигледно беше дека принцот Хари и Меган Маркл не беа поканети на церемонијата, иако истата се одржуваше во САД, во непосредна близина на кралската двојка.
Во новата книга на Том Боуер, Revenge: Meghan, Harry and the War Between the Windsors, авторот говори за тоа како славниот пар бил опседнат со пишувањата за нив во медиумите и притоа постојано стравувале дека во јавноста може да испливаат повеќе тајни што поранешната актерка сака очајно да ги сокрие.
Токму заради ова, според авторот, Меган успеала да направи кавга со Викторија и Дејвид Бекам.
Хари и Дејвид беа пријатели со години, а денес се чини дека воопшто не разговараат и немаат никаков контакт.
Познатиот фудбалер секогаш бил во добри односи со кралското семејство. Во 2003-тата година тој доби почесен орден од кралицата Елизабета Втора за неговите постигнувања во спортот, а во 2017-та година Викторија доби одликување за нејзиното влијание во модната индустрија.
Оттука се поставува прашањето: „Што навистина се случило помеѓу двата пара и зошто принцот Хари повеќе не е во контакт со славниот англиски фудбалер?“
Викторија Бекам и Меган Маркл се запознале во 2018-та година преку нивните сопрузи, брзо се спријателиле затоа што заедно оделе кај истата козметичарка Сара Чепмен, но и затоа што и двете ја сакаат модата.
Во тој период Меган дури размислувала да ја ангажира Викторија за да ѝ креира модна колекција за настани. Според неа, стилот на Викторија истовремено е мошне елегантен и веднаш по запознавањето најави дека наскоро ќе се појави во една од нејзините креации.
Тоа го потврди следната година кога се појави во повеќе креации на Викторија Бекам, од кои најзапаметен ќе остане светло синиот фустан што го носеше по повод враќањето во Велика Британија.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





