Принцот Хари и Дејвид Бекам беа пријатели со години – Како Меган Маркл им го растури пријателството?
Во април 2018-та година Дејвид и Викторија присуствуваа на кралската свадба на Меган и Хари и со тоа стана јасно дека се пријатели и дека се во добри односи.
Викторија дури и ја фалеше Меган во една изјава па рече:
„Ми се допадна тоа што Меган го кажа на Fashion Awards дека порано беше кул да си суров, а дека сега е кул да се биде љубезен. Љубезноста отсекогаш била во основата на женската моќ.“
Сепак, односите помеѓу Викторија и Меган се заладиле, а како причина за тоа се наведува дека во 2017-та година, војвотката ја обвинила Викторија за озборување и дека таа им доставувала информации на новинарите.
Принцот Хари застанал во одбрана на Меган, па дури и му се јавил на Дејвид за да поразговара со него, а поранешниот фудбалер ги негирал сите тврдења на Меган.
Наводно Дејвид бил засрамен од разговорот со Хари и иако првично рекол дека меѓу нив сѐ е во најдобар ред, сепак одлучил дека е подобро да немаат контакт. Дополнително, Бекамови не сакале премногу да се вклучуваат во негативниот печат што Хари и Меган го привлекуваа.
Бекамови се во добри односи со Кејт и со Вилијам, но ниту овој кралски пар не присуствуваше на свадбата на Бруклин Бекам. Се шпекулираше дека Вилијам и Кејт сакале да ја избегнат случајната средба со Меган и Хари, но најверојатно заради безбедносни причини парот одлучил да не отпатува во САД.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др...
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото)
Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели...
По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат
Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр...
Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...