Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Елен Деџенерис се збогуваше со поранешната девојка Ен Хеч по нејзината смрт: „Ова е тажен ден“

„Ова е тажен ден. Им ја испраќам целата моја љубов на децата, семејството и пријателите на Ен“, гласи изјавата на Елен по новостите за смртта на актерката Ен Хеч.

elen-dedzheneris-se-zboguva-so-poraneshnata-devojka-en-hech-po-nejzinata-smrt-ova-e-tazhen-den-01.jpg

Пред околу една недела, актерката Ен Хеч имаше тешка сообраќајна несреќа, по што беше хоспитализирана. За жал, актерката им подлегна на повредите и во петокот, 12-ти август, беше прогласена за мртва.

Лекарите ја одржуваа Ен во живот со помош на машини, а по прогнозата дека веројатно нема да преживее, нејзиното семејство донесе одлука машините да бидат исклучени, а нејзините органи донирани.

elen-dedzheneris-se-zboguva-so-poraneshnata-devojka-en-hech-po-nejzinata-smrt-ova-e-tazhen-den-05.jpg

Кратко пред веста да биде споделена со јавноста, поранешната партнерка на Ен, Елен Деџенерис, го искажа нејзиното сочувство:

„Ова е тажен ден. Им ја испраќам целата моја љубов на децата, семејството и пријателите на Ен“.

Елен и актерката беа во врска од 1997 до 2000 година. Нивната врска беше сериозна и тие чекаа да се легализираат истополовите бракови за да се венчаат.

elen-dedzheneris-se-zboguva-so-poraneshnata-devojka-en-hech-po-nejzinata-smrt-ova-e-tazhen-den-02.jpg

Сепак, тие се разделија, а наводно поради оваа врска, Ен го заладила односот со нејзината мајка.

elen-dedzheneris-se-zboguva-so-poraneshnata-devojka-en-hech-po-nejzinata-smrt-ova-e-tazhen-den-06.jpg

Претходно, Елен откри дека не била во никаков контакт со Ен пред несреќата. Нo, на прашањето дали има информации за состојбата на Ен, водителката ја покажа нејзината загриженост:

„Не сме во контакт, па не би знаела. Не сакам никој да биде повреден“.

elen-dedzheneris-se-zboguva-so-poraneshnata-devojka-en-hech-po-nejzinata-smrt-ova-e-tazhen-den-7.jpg

Пред да ги соопшти вестите за нејзината смрт, семејството на актерката сподели дека таа е во кома и во критична состојба, како и дека лекарите ја одржуваат во живот со машини, со надеж дека барем ќе можат да се донираат нејзините органи.

elen-dedzheneris-se-zboguva-so-poraneshnata-devojka-en-hech-po-nejzinata-smrt-ova-e-tazhen-den-04.jpg

„Покрај нејзиниот неверојатен талент, нејзината животна мисија беше да споделува добрина и радост – особено да ги натера другите да ја прифатат личноста што ја сакате.

Таа ќе биде запомнета за нејзината храбра искреност и ќе ни недостасува нејзината светлина“, гласи заедничката изјава на семејството.

elen-dedzheneris-se-zboguva-so-poraneshnata-devojka-en-hech-po-nejzinata-smrt-ova-e-tazhen-den-03.jpg

Прочитајте повеќе: Беше во врска со Елен Деџенерис, бараат да ја исклучат од апарати – Која е актерката Ен Хеч, што доживеа страшна сообраќајна несреќа?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg