Пике (35) се бакнува со новата 23-годишна девојка на фестивал – Шакира е гневна бидејќи ја покажал во јавност (фото+видео)

Се појавија нови фотки, како и видео од Пике и неговата нова 23-годишна девојка, а наводно Шакира била гневна бидејќи со фудбалерот имале договор да не се појавуваат во јавност со нови партнери барем една година по раскинувањето.

pike-35-se-baknuva-so-novata-23-godishna-devojka-na-muzichki-festival-shakira-e-gnevna-bidejkji-ja-pokazhal-vo-javnost-foto-video-01.jpg

По бројните шпекулации, Пике ја потврди врската со новата девојка, само три месеци откако раскина со Шакира. 

Пред неполн месец, тие беа фотографирани на настан. Сега, пак, 35-годишниот фудбалер беше забележан на музички фестивал во Каталонија, како се бакнува со новата 23-годишна девојка.

pike-35-se-baknuva-so-novata-23-godishna-devojka-na-muzichki-festival-shakira-e-gnevna-bidejkji-ja-pokazhal-vo-javnost-foto-video-03.jpg

Фотките и видеата беа споделени од шпанскиот медиум Socialite, и иако се со слаб квалитет, можете да ги видите Пике и новата девојка како се прегрнуваат и бакнуваат.

Новата девојка на Пике се вика Клара Чиа Марти и се претпоставува дека работи во компанијата на фудбалерот.

„Пике и Клара се гледаат со месеци. Таа е студент кој работи во неговата канцеларија, организира настани. Ја криеја нивната врска, но нивните блиски знаат што се случува“, тврди извор за The Sun.

pike-35-se-baknuva-so-novata-23-godishna-devojka-na-muzichki-festival-shakira-e-gnevna-bidejkji-ja-pokazhal-vo-javnost-foto-video-04.jpg

Изворот додава и дека најверојатно станува збор за сериозна врска:

„Луѓето му помагаат да ја крие врската, а сите профили на социјалните мрежи на Клара се избришани за никој да не може да најде фотографии од неа. Поради ова, неговите пријатели мислат дека врската е навистина сериозна“.

pike-35-se-baknuva-so-novata-23-godishna-devojka-na-muzichki-festival-shakira-e-gnevna-bidejkji-ja-pokazhal-vo-javnost-foto-video-07.jpg

pike-35-se-baknuva-so-novata-23-godishna-devojka-na-muzichki-festival-shakira-e-gnevna-bidejkji-ja-pokazhal-vo-javnost-foto-video-08.jpg

Шакира и Пике ставија крај на 11-годишната врска во јуни, поради неверство од страна на фудбалерот, и тоа со 23-годишната Клара.

Според сајтот што го сподели видеото од Пике и новата девојка, фудбалерот и пејачката се договориле да не се појавуваат во јавност со нови партнери најмалку една година по разделбата.

Поради ова, Шакира била особено гневна што го видела таткото на нејзините деца со неговата девојка во јавност.

pike-35-se-baknuva-so-novata-23-godishna-devojka-na-muzichki-festival-shakira-e-gnevna-bidejkji-ja-pokazhal-vo-javnost-foto-video-02.jpg

Според друг шпански медиум, El Periodico, Шакира и Пике пробуваат да останат пријатели поради нивните деца.

Пред да потврдат дека се разделиле, Шакира и Пике живееле одвоено неколку недели и наводно пејачката го избркала фудбалерот од дома. Оттогаш, пак, Пике уживал во ергенскиот живот.

pike-35-se-baknuva-so-novata-23-godishna-devojka-na-muzichki-festival-shakira-e-gnevna-bidejkji-ja-pokazhal-vo-javnost-foto-video-10.jpg

Во меѓувреме, Шакира се соочува со тужба и можна казна затвор од осум години за затајување данок.

Наводно, пејачката не плаќала данок во Шпанија и останала должна неколку милиони долари. Сепак, извори блиски до неа тврдат дека таа веќе го исплатила долгот.

Шакира живееше во Барселона со Пике и наводно сега планира да се пресели во Мајами.

pike-35-se-baknuva-so-novata-23-godishna-devojka-na-muzichki-festival-shakira-e-gnevna-bidejkji-ja-pokazhal-vo-javnost-foto-video-12.jpg

Погледнете и: Не е Драгана од Скопје – Пике „уловен“ со новата 12 години помлада девојка, заради која се раздели со Шакира

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ja затвориле во установа со шизофренија: Која е првата холивудска „it девојка“? Актерката Клара Боу од ерата на немите филмови е личноста што го прослави изразо...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Во врска е со Карлос Алкараз откако ја поврзуваа со Јаник Синер - Што знаеме за манекенката Брукс На... „Точно е тоа што се зборува, но врска е толку широк поим. Сепак, знам дека Карло...
Наоми Кемпбел (55) не старее - згодна во бикини, со тело како на 20-годишна девојка Доказ дека една од најпопуларните манекенки на сите времиња навистина изгледа од...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...

Најчитани неделава