Не е Драгана од Скопје – Пике „уловен“ со новата 12 години помлада девојка, заради која се раздели со Шакира

Излезе првата фотографија од Пике со љубовницата. Шакира ставила крај на врската откако дознала дека Пике има афера со неговата 12-години помлада асистентка. Станува збор за девојка од Шпанија и не, не е Драгана Спасовска, за која се шпекулираше дека имал афера со неа во Дубаи.

ne-e-dragana-od-skopje-pike-uloven-so-novata-12-godini-pomlada-devojka-zaradi-koja-se-razdeli-so-shakira-01.jpg

По вестите за разделбата на фудбалерот Жерар Пике (35) и поп-дивата Шакира (46), не престануваат шпекулациите за тоа која е новата девојка на фудбалерот.

Претходно се шпекулираше дека Пике имал афера со Драгана Спасовска која пораснала во Скопје, а со која тајно се гледал во Дубаи.

Прочитајте и Пике и Шакира наводно раскинале заради девојка од Скопје, со која тајно се гледал во Дубаи – Која е Драгана Спасовска?

Сега, шпанските медиуми успеаја да го фатат на дело со новата 23-годишна девојка Клара Чиа Марти, за која се верува дека ја запознал додека таа работела за неговата компанија „Космос“.

Во јуни, кога Шакира и Пике објавија дека официјално се разделуваат по 11 години врска, веќе се шпекулираше дека причината за разделбата е неверството на фудбалерот, а според најновите информации Пике и Клара претходно се гледале со месеци.

61268977-11100327-image-a-27_1660165193251.jpg

Според неофицијални извори, The Sun пишува дека Клара е студентка која работи за Пике како организатор на настани.

Пике и Клара својата врска сакаат да ја чуваат подалеку од очите на јавноста, а неодамна шпанските медиуми објавија фотографија на која за првпат може заедно да се видат Пике и неговата љубовница.

59294069-11100327-Single_Gerard_Pique_has_been_trolled_by_a_Swedish_restaurant_own-m-28_1660165292156 (1).jpg

Пике и Клара заедно присуствувале на настанот „Brilliant Minds“, а откако фотографијата беше објавена во поголем дел од шпанските медиуми, асистентката веднаш ги избришала сите профили на социјалните мрежи.

Според шпанските медиуми, Пике по разделбата со Шакира ужива во тоа што е слободен, па секоја вечер излегува со своите колеги од Барселона и постојано оди на забави.

Прочитајте и Бурна врска со актерот од „Касандра, го изневери поранешното момче со Пике - Љубовниот живот на Шакира (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Пике објави нови вљубени фотки со девојката со која ја изневери Шакира: „Секогаш ќе биде запомнета к... „Очигледно секогаш ќе бидеш запомнета како љубовницата“ / „Како можеше да ја изн...
Наоми Кемпбел (55) не старее - згодна во бикини, со тело како на 20-годишна девојка Доказ дека една од најпопуларните манекенки на сите времиња навистина изгледа од...
48 години не погледнал друга жена, трипати ја барал за сопруга пред да рече „да“ - Љубовната приказн... „Можете да купите куќа, но тоа нема да ја направи дом. Мојата сопруга ја претвор...

Најчитани неделава