Бурна врска со актерот од „Касандра“, го изневери поранешното момче со Пике - Љубовниот живот на Шакира (фото)

Била во врска со 16 години постариот актер Освалдо Риос  кој играше во ТВ серијата „Касандра“. Бившото момче го изневери со Жерар Пике, а сега таа е изневерена и ја прекина врската со таткото на нејзините деца. Да се потсетиме на бурното љубовно минато на Шакира.

burna-vrska-so-akterot-od-kasandra-go-izneveri-poraneshnoto-momche-so-pike-ljubovniot-zhivot-na-shakira-foto-01.jpg

Познатата пејачка Шакира (45) во изминатиот период беше во фокусот на јавноста заради разделбата со долгогодишниот партнер, фудбалерот Жерар Пике (35). Таа отворено говореше дека парот не верува во брак, но призна дека сонува со него да има 8 или 9 деца.

„Жерар е со мене затоа што тој сака да биде со Шакира, како личност, а не како славна пејачка.

Нашата љубов е вистинска, немаме скриени мотиви и јас сум со него затоа што тој е најпрекрасната личност што сум ја запознала.

Ги сакаме истите нешта, но и ги мразиме истите нешта“ – изјави во една прилика Шакира.

burna-vrska-so-akterot-od-kasandra-go-izneveri-poraneshnoto-momche-so-pike-ljubovniot-zhivot-na-shakira-foto-02.jpg

За време на 12-годишната врска со фудбалерот на Барселона ги доби синовите Милан (9) и Саша (7), а според првичните гласини причината за разделбата е неверството на фудбалерот.

burna-vrska-so-akterot-od-kasandra-go-izneveri-poraneshnoto-momche-so-pike-ljubovniot-zhivot-na-shakira-foto-03.jpg

Наводно Шакира го фатила на дело својот партнер со русокосата хостеса со која тој се среќавал во познат ноќен клуб во Барселона. Според шпанскиот весник El Periodico името на љубовницата на Пике почнува на буквата „К“, а таа ги избришала профилите на социјалните мрежи по избувнувањето на скандалот.

Прочитајте и Русокоса хостеса или модел на OnlyFans - Која е љубовницата со која Шакира го фатила Пике на дело?

Во последните 12 години Шакира и Пике важеа за еден од најскладните познати парови, па многумина заборавија на романтичните врски кои таа ги имаше пред него.

burna-vrska-so-akterot-od-kasandra-go-izneveri-poraneshnoto-momche-so-pike-ljubovniot-zhivot-na-shakira-foto-11.jpg

Се чини дека Колумбијката зад себеси има само долги и сериозни врски, а познато е дека пред да биде со Пике, била уште со (барем) двајца мошне познати мажи.

Да се потсетиме на љубовното минато на познатата пејачка:

Во 1997-мата година, на возраст од 20 години Шакира беше во врска со 16 години повозрасниот актер Освалдо Риос, кој на македонската публика ѝ е познат по улогите на Игнасио и Луи Давид во ТВ серијата „Касандра“.

burna-vrska-so-akterot-od-kasandra-go-izneveri-poraneshnoto-momche-so-pike-ljubovniot-zhivot-na-shakira-foto-04.jpg

Шакира во една прилика самата призна дека тие двајцата биле во врска околу осум месеци и дека биле мошне вљубени еден во друг.

burna-vrska-so-akterot-od-kasandra-go-izneveri-poraneshnoto-momche-so-pike-ljubovniot-zhivot-na-shakira-foto-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg