Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Блејк Лајвли објави албум со труднички фотки и им порача на папараците: „Тргнете ми се од пред врата“

„Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс имаат три деца, а се надеваат дека четврото ќе биде момче“ – пишуваат странските медиуми, откако актерката на црвен тепих покажа дека е бремена по четврти пат. Актерката, пак, сподели албум со труднички фотки на социјалните мрежи.

blejk-lajvli-objavi-album-so-trudnichki-fotki-parot-se-nadeva-deka-ovojpat-kje-dobijat-sin-01.jpg

Актерката Блејк Лајвли (35) минатата недела на црвен тепих покажа дека е бремена по четврти пат, а очигледно тоа предизвикало голем интерес кај фотографите и новинарите кои во изминатите неколку денови се во исчекување да ја „уловат“ за да објават повеќе нејзини фотографии.

blejk-lajvli-objavi-album-so-trudnichki-fotki-parot-se-nadeva-deka-ovojpat-kje-dobijat-sin-02.jpg

Блејк која го очекува своето четврто дете со актерот Рајан Рејнолдс на Инстаграм сподели повеќе труднички пораки и упати силна порака до фотографите кои чекаат пред нејзиниот дом.

„Еве мои труднички фотографии за 11-те луѓе што чекаат пред мојот дом за да ме фотографираат да ме остават на мир. Ме плашите и мене и моите деца“ – им порача таа на папараци фотографите.

Инаку, актерката минатата недела за првпат на црвен тепих го покажа трудничкиот стомак на настанот Forbes Power Women's Summit и ги изненади сите.

Блејк и Рајан веќе имаат 3 деца заедно: Џејмс (7), Инез (5) и Бети (2),  а странските медиуми повикувајќи се на сопствени извори пишуваат дека парот се надева дека овој пат ќе добијат уште еден син.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Контроверзна венчавка, арогантно однесување: Како Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли станаа најомразениот... Се венчаа на поранешна плантажа со робови, и двајцата имале бројни конфликти со ...
Сите славни девојки (и сопруги) на Рајан Рејнолдс – наводно ја изневерил Скарлет Јохансон со Блејк Рајан Рејнолдс беше во брак со Скарлет Јохансон до 2010 година. Тој период ја за...
Дојде последна, откри дека е третпат бремена - Ријана издоминира на Мет гала 2025 37-годишната пејачка ја изненади јавноста кога преку тесната креација на црвенио...
Тажни детали од животот на Блејк Лајвли: На училиште ја малтретирале, била нападната од мејкап артис... Блејк Лајвли била највисокиот ученик во прво одделение, па секојдневно била исме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg