Тажни детали од животот на Блејк Лајвли: На училиште ја малтретирале, била нападната од мејкап артист

Блејк Лајвли била највисокиот ученик во прво одделение, па секојдневно била исмејувана. А, додека да заврши основно, актерката променила дури 13 училишта и никогаш не стекнала вистински пријатели во детството…

tazhni-detali-od-zhivotot-na-blejk-lajvli-na-uchilishte-ja-maltretirale-bila-napadnata-od-mejkap-artist-01.jpg

Денес Блејк Лајвли е една од најпознатите холивудски актери, во среќен брак е со Рајан Рејнолдс и заедно имаат четири деца. Истовремено, актерката важи и за модна икона.

Односно, нејзиниот живот изгледа навистина совршено.

Иако денес ова можеби е вистина, во минатото и актерката како многумина се соочила со бројни предизвици и тешкотии.

Неколку тажни детали од животот на Блејк Лајвли:

Била жртва на булинг

Блејк пораснала во Лос Анџелес каде што завршила и основно.

А, има откриено дека бидејќи била највисока во класот, соучениците постојано ја навредувале.

Проблемот дополнително се влошил бидејќи додека да заврши основно, актерката променила 13 училишта.

Па, никогаш не стекнала вистински пријатели и секогаш била отфрлена од другите.

Блејк има откриено дека малтретирањето било најлошо кога мајка ѝ ја запишала во приватно училиште.

„Овде децата буквално беа сурови кон мене. Постојано ме исмејуваа за облеката“.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-blejk-lajvli-na-uchilishte-ja-maltretirale-bila-napadnata-od-mejkap-artist-02.jpg

Ја пропуштила можноста да оди на факултет

Додека да наполни 18 години, Блејк сфатила дека сака да биде актерка. Но, сакала и да оди на факултет.

Овој период ја добила улогата во популарната серија Gossip Girl, но на почетокот ја одбила бидејќи сакала да студира.

Сепак, продуцентите ѝ рекле дека ќе може да ги прави и двете.

„Им се заблагодарив за улогата, но ја одбив и им реков дека сакам да одам на факултет.

Тие ми рекоа дека сепак ќе можам да одам на предавања еднаш неделно и да ја снимам серијата.

Кога, пак, ќе заврши снимањето, ќе можам да продолжам факултет и да имам нормален живот. И, јас се согласив“, откри таа во интервју за Vanity Fair.

Но, откако го потпишала договорот, сфатила дека продуцентите ја лажеле и не ѝ дозволувале да отсуствува од снимања за оди на факултет.

Блејк се чувствувала заробено со договорот и морала да се откаже од желбата за факултет.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-blejk-lajvli-na-uchilishte-ja-maltretirale-bila-napadnata-od-mejkap-artist-03.jpg

Била сексуално нападната од мејкап артист

Блејк е само една од многуте жени во Холивуд кои биле жртви на сексуален напад.

Во 2017-та, актерката откри дека и самата била жртва, но не откри за кој мејкап артист станува збор.

„Еднаш ми зборуваше одвратни работи, инсистираше да ми ставел кармин со неговиот прст. И, вакви работи се случуваа многу често.

Еднаш морав да спијам на сетот на којшто снимавме, а кога се разбудив го видов мејкап артистот како ме снима. Се чувствував ужасно“.

Актерката вели дека го пријавила случајот, но никој не презел ништо.

Дури кога самата најмила адвокат, продуцентите ја сфатиле сериозно, па го отпуштиле мејкап артистот.

Но, ова не значело крај на неговата кариера – пред да отпуштат, му напишале и препорака за да може да си најде друга работа.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-blejk-lajvli-na-uchilishte-ja-maltretirale-bila-napadnata-od-mejkap-artist-04.jpg

Не добива никакво признание кога работи на филмот на сопругот

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс имаат откриено дека никогаш не снимаат во исто време за да не ги оставаат децата сами.

Но, кога Рајан работи на некој филм, во проектот секогаш е вклучена и Блејк.

Според Рајан, многупати таа работела на сценариото или на други детали во продукцијата на филмот. Сепак, нејзиното име никогаш не било спомнато, без разлика што Рајан го барал тоа.

„Мислам дека причината што не ѝ даваат признание на Блејк е сексизмот во бизнисот.

Многупати повторувам ’Ова го напиша Блејк, а не јас‘, но никој не ме слуша“, има изјавено актерот.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-blejk-lajvli-na-uchilishte-ja-maltretirale-bila-napadnata-od-mejkap-artist-05.jpg

Татко ѝ почина по долго боледување

Родителите на Блејк биле дел од забавната индустрија – татко ѝ бил режисер и актер, додека мајка ѝ работела како модел и агент за таленти.

Актерката вели дека токму тие ѝ ја дале самодовербата да стане актерка.

Низ годините, таа била мошне блиска и со мајка ѝ и со татко ѝ.

Па, смртта на татко ѝ во 2021-ва била голем шок за неа.

Таткото на Блејк имал проблеми со срцето и починал откако состојбата му се искомплицирала.

Неколку месеци подоцна, актерката отвори своја компанија за пијалаци, а името е инспирирано од името на нејзиниот татко.

tazhni-detali-od-zhivotot-na-blejk-lajvli-na-uchilishte-ja-maltretirale-bila-napadnata-od-mejkap-artist-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
„Разговарав со татко ми кој е починат, како сфатив дека не е измама?“ - Ким Кардашијан со необична и... „Кој би можел да знае такво нешто? За тоа не сме зборувале во шоуто. Тоа никогаш...
Најомилениот пар во Холивуд! Блејк Лајвли му ги носи децата на Рајан Рејнолдс среде снимање - за да ... Блејк Лајвли и двете постари ќерки го посетија Рајан Рејнолдс на сетот на Deadpo...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg