Зошто дадилките на Џенифер Лопез секогаш давале отказ и покрај високите плати?

Сега нејзините деца, близнаците Еме и Макс (14), се поголеми, но пред една деценија, пејачката очајно се обидувала да најде дадилка која ќе ги задоволи нејзините барања и критериуми - парите не биле проблем, но ниту една не издржала да ги чува близнаците по 16 часа на ден, секој ден. 

zoshto-dadilkite-na-djenifer-lopez-sekogash-davale-otkaz-i-pokraj-visokite-plati-01.jpg

Џеј Ло постојано е во трка со времето пробувајќи да најде баланс помеѓу кариерата и семејството, и сега личи како да успева во тоа, но кога нејзините деца беа помали, ѝ била потребна голема помош.

Таа била подготвена да плати голема сума на пари за дадилки на децата Макс и Еме кои ги доби од бракот со Марк Ентони, и според странските медиуми, нејзините помошници заработувале богатство, но работата никогаш не траела долго за оние кои се одлучувале да ја прифатат.

zoshto-dadilkite-na-djenifer-lopez-sekogash-davale-otkaz-i-pokraj-visokite-plati-06.jpg

Во 2008-ма таа била во потрага по премиум дадилки, а ако им се верува на шпекулациите од тоа време, Лопез за оваа позиција наводно плаќала сума од 2.250 долари неделно.

Сепак, големата плата не била доволна причина за дадилките да останат многу долго на ова работно место, со оглед на претераните барања кои ги имала поп-дивата од нив.

Се верува дека дадилките се преработувале и дека работната позиција била презахтевна за повеќето да можат да ја издржат.

„Вообичаено, луѓето кои заработуваат огромни суми на пари и имаат многу професионални обврски, вработуваат дадилка за секое дете, посебно за новороденчиња.

Но, Џенифер очекуваше една дадилка не само да се грижи за близнаците, туку и да работи по 16 часа на ден, 7 дена во неделата“ – тврделе тогаш изворите.

zoshto-dadilkite-na-djenifer-lopez-sekogash-davale-otkaz-i-pokraj-visokite-plati-09.jpg

Се претпоставува дека првата дадилка издржала само една недела, а иако втората дадилка била одлична, сепак ѝ било премногу.

„Вработија втора дадилка што беше прекрасна со близнаците, но не можеше да издржи да работи толку многу часови без пауза. Откако и таа даде отказ, парот почна очајно да бара дадилка број 3“.

Во тој период, се поставуваа прашања од типот - ако дадилките не можат да постигнат со работа и мора да ги чуваат децата по 16 часа на ден, тогаш што прават Џенифер и Марк како родители?

Прочитајте повеќе Закажуваат термин за повеќе време со мајка си: Како живеат децата на Џенифер Лопез?

zoshto-dadilkite-na-djenifer-lopez-sekogash-davale-otkaz-i-pokraj-visokite-plati-07.jpg

Изгледа по одреден период се помириле со тоа дека ќе мора обврската да падне на нив и на семејството.

Во една прилика, откако се разведоа со Марк, Џеј Ло во интервју имаше изјавено дека не може да биде разделена од децата повеќе од 24 часа и дека дадилките повеќе не се опција за неа, па на помош ѝ доаѓале нејзината мајка, братучетка и најдобра пријателка.

zoshto-dadilkite-na-djenifer-lopez-sekogash-davale-otkaz-i-pokraj-visokite-plati-05.jpg

zoshto-dadilkite-na-djenifer-lopez-sekogash-davale-otkaz-i-pokraj-visokite-plati-03.jpg

Низ годините пејачката призна дека на децата им било потребно повеќе време од родителите, а дури долг период подоцна, пандемијата во 2020-та ја натера да сфати колку ѝ значи времето поминато со семејството дома, па сега прави поголем баланс помеѓу обврските, откако децата веќе пораснаа.

„Потребни сме им на друг начин. Мора да забавиме и да се поврземе повеќе. Не сакам да пропуштам работи. И почнав да сфаќам и да си кажувам – Боже, ќе го пропуштев ова ако не бев тука денес“.

zoshto-dadilkite-na-djenifer-lopez-sekogash-davale-otkaz-i-pokraj-visokite-plati-10.jpg

Тоа е моментот кога Лопез научила важна лекција, а потребно е да ја сфатат сите родители.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg