На Бела Хадид ѝ направија фустан од боја на модна ревија во Париз, откако се појави гола на пистата (фото+видео)

Неколку артисти од француски моден бренд направија спектакуларно шоу на Модната недела во Париз – ѝ направија фустан од боја на Бела Хадид, додека таа стоеше гола на пистата.

na-bela-hadid-napravija-fustan-od-boja-na-modna-revija-vo-pariz-otkako-se-pojavi-gola-na-pistata-foto-video-01.jpg

Модниот бренд Coperni ја имаше најоригиналната ревија на Модната недела во Париз.

Во петокот, 30-ти септември, на модната писта се појави Бела Хадид која носеше само долна облека и си ги криеше градите со раката.

На пистата застанаа и тројца артисти кои ѝ го покрија телото со бела боја и ѝ направија фустан.

Потоа, друга артистка ја среди формата на фустанот – направи рамки, како и шлиц. На крај, 25-годишниот модел зачекори по пистата со белиот тесен фустан.

Генијалниот дизајн беше споделен и на официјалниот Инстаграм профил на Вог:

„За пролет 2023, Coperni им ја посвети пистата на ’жените од овој свет‘. Главниот настан? Бела Хадид стои на центарот на пистата, додека тројца мажи ѝ прават фустан со боја.

Фустанот беше комплетиран од друга артистка, која ги искористи нејзините раце и пар ножици за да го оформи фустанот на Бела“, стои во описот.

Очекувано, изведбата беше пречекана со громогласен аплауз од публиката.

Не е познато каква боја употребија артистите, но крајниот резултат дефинитивно е фасцинантен.

Во коментарите на Инстаграм, бројни корисници истакнуваат дека со задоволство би носеле таков фустан.

Повеќе фотки од настанот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан се кае за фустанот на Мерилин Монро: „Нагло ослабев, си ја уништив косата, за само 10... „Не можев да седам во автомобил. Никој не смееше да ме допре за да не го оштети ...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
Тајните за исхрана и фит тело на Хајди Клум (заради кои на 52 шета гола и изгледа совршено) Јаде 900 калории на ден, сака сама да си готви здрава храна со балансирани намир...
Блу Ајви (13) порасна во копија на мама Бијонсе – ги збуни сите со изгледот кога стигна во Париз со ... Ако и вие помисливте дека на фотките Бијонсе е таа што излегува од возило - се л...
Сопругата и љубовницата речиси се степале, ја посвоил ќерката за да ја заштити: Факти за Лајонел Рич... Во новите мемоари, Лајонел Ричи зборува за најсрамниот момент од неговиот живот ...
Бјанка Сенсори - гола, Ријана насмеана до бившиот што ја истепа: Најскандалозни моменти од историјат... Ланското појавување на Бјанка Сенсори е скандал на Греми наградите што уште долг...

Најчитани неделава