Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Беше меѓу првите кои зборуваа за бисексуалноста, сега е мајка на 3 деца и се бори со депресија – Што прави денес Аланис Морисет?

„Tоа е комплексна состојба: има биохемиска, неврохемиска реакција, ти влијаат условите, средината. Не влијае само една работа и не можеш да најдеш брзо решение“ – Аланис Морисет отворено говореше за тоа како по секоја бременост морала да се бори со депресија.

beshe-megju-prvite-koi-zboruvaa-za-biseksualnosta-sega-e-majka-na-3-deca-i-se-bori-so-depresija-shto-pravi-denes-alanis-moriset-01.jpg

Аланис Морисет (48) во минатото отворено говореше дека е бисексуалка и речиси сите повозрасни ја помнат нејзината сцена од серијата „Сексот и градот“ каде разменуваше страсни бакнежи со Сара Џесика Паркер.

beshe-megju-prvite-koi-zboruvaa-za-biseksualnosta-sega-e-majka-na-3-deca-i-se-bori-so-depresija-shto-pravi-denes-alanis-moriset-02.jpgфото: Принтскрин - YouTube

Денес канадската пејачка е во среќен брак и има 3 деца, а во интервјуата денес многу повеќе говори за среќниот брак, мајчинството и сите теми поврзани околу воспитувањето на децата.

Во минатото Аланис беше во врска со Дајвид Кулиер и со Рајан Рејнолдс, а вели дека во моментот кога го запознала раперот Марио Тредвеј, попознат како Souleye нешто било сосема поразлично.

„Имав врски со луѓето и секогаш имаше нешто кај мене заради што чувствував како да удирам во ѕид додека разговарам со човекот спроти мене. Кога го сретнав Souleye сфатив дека нема ограничувања во тоа што можеме заедно да го направиме“ – рече таа во една прилика.

beshe-megju-prvite-koi-zboruvaa-za-biseksualnosta-sega-e-majka-na-3-deca-i-se-bori-so-depresija-shto-pravi-denes-alanis-moriset-05.jpg

Аланис и Souleye се венчаа на приватна церемонија во 2010-та година, а една година подоцна го добија синот Евер (11). Тие имаат уште две деца: Оникс (6) и Винтер Мерси (3).

Неодамна Аланис отворено говореше за тоа како ги воспитува сопствените деца, па како што рече, нејзината 6-годишна ќерка не сака да ја вика „мамо“, туку го користи нејзиното целосно име – Аланис Морисет, затоа што никој друг не го прави тоа.

Аланис отворено говореше и за тоа како ги воспитува своите деца, па рече дека во нивниот дом таа го користи методот на „учење без учење“ каде децата го имаат главниот збор и тие диктираат што ќе прават.

„Ако јас речам: 'ајде да си играме со магнетни плочки', а ќерка ми рече, 'не сакам плочки, сакам да ставам светки насекаде и да сечкам дрво', тогаш ќе го правиме тоа што таа го побарала“ – вели Аланис, но напоменува дека не го препорачува овој метод на воспитување на децата секому.

Канадската пејачка стана мајка по третпат на возраст од 45 години, а претходно искрено говореше и за нејзината борба со постпородилната депресија по секоја бременост.

Таа минатата година, две години по последната бременост даде интервју во кое рече дека последниот пат 2 години се борела со состојбата.

„Имав постпородилна депресија по секоја бременост и со секое дете беше сѐ полошо. Среќна сум да кажам дека конечно успеав да ја надминам – но тоа се случи во изминатите 3 месеци.

Во периодите кога ми беше најлошо некои луѓе ми велеа: ‘треба само да излезеш’ или ‘ти треба сон’.

Но, да ве потсетам, тоа е комплексна состојба: има биохемиска, неврохемиска реакција, ти влијаат условите, средината. Не влијае само една работа и не можеш да најдеш брзо решение“ – рече таа. 

Денес таа ги повикува сите жени што се соочуваат со ваква состојба да побараат помош од стручни лица, како што вели, „чувствувала срам затоа што морала да прима лекови, но е благодарна што тоа ѝ помогнало да остане здрава“.

Погледнете повеќе семејни фотографии на Аланис во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg