Зошто сите сонуваат за брак како на Хју Џекмен и 13 години постарата сопруга?

Хју Џекмен и сопругата Дебора се венчаа во 1996 година и имаат ден од најстабилните холивудски бракови. Kаде и да се појават, тие не ги тргаат рацете еден од друг и изгледаат навистина вљубено и среќно. Што ги прави толку уникатни?

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-01.jpg

Поминаа повеќе од две децении од нивната венчавка, а Хју Џекмен и сопругата Дебора Ли Фурнес изгледаат среќно и вљубено каде и да се појават.

Кратко откако актерот го прослави 54-иот роденден, тој и сопругата беа забележани во близина на нивниот дом и постојано беа прегрнати.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-09.jpg

И актерот и 66-годишната Дебора беа во лежерно издание и не ги тргаа насмевките од лицето во текот на целата прошетка.

Хју Џекмен е еден од ретките познати актери кои поголемиот дел од животот го поминал со една жена.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-10.jpg

На почетокот никој не веруваше дека врската, а потоа и бракот на актерот и Дебора ќе траат, најмногу бидејќи таа е 13 години постара од него.

Но, 26 години подоцна, тие уште се заедно посреќни од кога било.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-11.jpg

Актерот и Дебора се запознаа во 1995 година, на сетот на серијата Correlli, во која глумат и двајцата.

„Ова ми беше прва работа откако завршив со училиште. Бев многу исплашен. Дебора веќе беше голема ѕвезда. Ме зедоа од дома со автомобил и Деб седеше на предното седиште. Никогаш нема да го заборавам овој миг.

Се сврте кон мене, ги извади очилата и ми рече: ’Здраво, јас сум Дебора Ли Фурнес‘. Се сеќавам дека си помислив колку ми се допаѓа“, откри актерот во 2017 година во интервју за People TV.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-04.jpg

Актерот вели дека на сите на сетот им се допаѓала Дебора, но тој бил среќникот кој успеал да ја убеди да излезе со него.

Но, иако актерот бил сигурен дека еден ден ќе се ожени за неа, тој период Дебора не била заинтересирана за сериозна врска. Уште помалку за врска со момче кое е 13 години помало од неа.

„Со сигурност знаев дека бараше причина да ми раскине“, изјави актерот во 2018 година.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-13_630x630.jpg

За среќа, Хју Џекмен успеал да ја премисли, па четири месеци подоцна ја побарал за жена, а дури и сам го дизајнирал прстенот. 

„Беше многу нервозен бидејќи воопшто не се разбираше од накит или дијаманти. Па, само му рекол на златарот ’Не знам што да правам, па само ќе ти кажам некои работи за Деб‘. Сиротиот златар седел час и половина додека Хју му го кажувал секој детаљ за мојот карактер“, откри Дебора.

Само 11 месеци од нивната прва средба, во 1996 година, Хју Џекмен и Дебора се венчаа во Австралија.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-07.jpg

Бидејќи тогаш Дебора веќе беше во нејзините 40-ти, тие веднаш почнале да се обидуваат да станат родители.

Но, сите обиди се покажале како безуспешни, вклучувајќи го и асистираното оплодување.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-02.jpg

„Пробувавме и не можевме. Никогаш нема да ги заборавам спонтаните абортуси. Ова е многу чест проблем и многу е тежок“, откри актерот за трауматичното искуство.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-03.jpg

Не можејќи да ја поднесат болката од уште еден спонтан абортус, во 2000 година Хју и Дебора одлучија да посвојат дете – синот Оскар Максимилијан.

Пет години подоцна тие ја посвоија и ќерката Ава Елиот.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-15.jpg

Актерот многупати има зборувано за неговите деца и истакнува дека воопшто не ги гледа како посвоени. За него, тие се негови деца и вели дека се надева дека и тие го гледаат како вистински родител.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-14.jpg

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-12.jpg

До денес, Хју Џекмен и Дебора го даваат најдоброто од себе за да ја одржат романсата во бракот.

На пример, во 2016-та тие отидоа на Карибите на патување кое го нарекоа „втор меден месец“. Две години подоцна, отидоа на уште еден „меден месец“ во Италија.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-06.jpg

Актерот има изјавено и дека бил особено среќен што ја сретнал Дебора толку рано во животот:

„Бидејќи сè што ми се случило во кариерата и приватниот живот, сè било со неа“.

zoshto-site-sonuvaat-za-brak-kako-na-hju-dzhekmen-i-13-godini-pomladata-sopruga-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg