Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пике со новата девојка, во која се вљубил затоа што не е „разгалена дива“ - ѝ ја носи чантата и се шетаат фатени за рака

Пике ѝ ја држи чантата на новата девојка и ѝ помага да си ги намести чорапите, откако претходно беа на романтична вечера, додека Шакира сама го бодри синот Милан на бејзбол натпревар. Нови папарацо фотки од Пике и Шакира, откако тој во целост ѝ го отстапи старателството над синовите. 

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-01.jpg

Откако долго време се шпекулираше за тоа која е девојката со која фудбалерот Жерар Пике (35) ја изневери својата долгогодишна партнерка Шакира (45), фудбалерот веќе не сака да крие дека е вљубен во новата девојка, студентката Клара Чиа (23).

По заедничкото присуство на свадбата на негов пријател, таа присуствуваше на последниот натпревар што фудбалерот го одигра за Барселона.

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-02.jpg

Само неколку дена откако на Шакира ѝ даде целосно старателство над синовите, Пике беше фотографиран додека беше на прошетка со новата девојка, откако претходно биле на романтична вечера.

На папарацо фотографиите може да се види како Пике ја држи за рака 12 години помладата девојка и ѝ ја носи чантата, а во еден миг таа застанува и го соблекува чевелот за да ги намести чорапите.

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-03.jpg

Инаку ова е првпат парот да биде забележан во јавност откако Пике ги потпиша документите со кои ѝ отстапи целосно старателство на Шакира над синовите Милан и Саша со што таа ќе може да се пресели во Мајами.

Шпанските медиуми повикувајќи се на изјава на пријатели блиски до Пике и Клара, пишуваат дека фудбалерот ја заменил Шакира со новата девојка затоа што таа е скромна девојка и не е разгалена дива како поп пејачката.

Од друга страна, Шакира пред неколку дена беше забележана како сама присуствува на бејзбол натпреварот на синот Милан каде навиваше гласно, па беше фотографирана како скока од радост кога тимот на нејзиниот син постигна поен.

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-04.jpg

На натпреварот не присуствуваше Пике, кој во родната Шпанија се соочува со голем број критики затоа што ја раскина долгогодишната врска со колумбиската пејачка и почна да се гледа со студентката Клара Чиа.

Во продолжение повеќе папарацо фотографии:

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-05.jpg

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-06.jpg

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-07.jpg

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-08.jpg

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-09.jpg

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-10.jpg

i-ja-drzhi-chantata-i-ja-drzhi-za-raka-paparaco-fotki-od-pike-so-novata-devojka-otkako-i-dade-na-shakira-celosno-staratelstvo-11.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Нови детали за трагичната смрт на Наја Ривера, која се удави - Син ѝ сакал да ја спаси со јаже, и де... „Џоси, кој тогаш имаше 4 години, постојано повторува дека на бродот имало јаже, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg