Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Не сум подготвен да умрам“: Крис Хемсворт ќе прави пауза од актерската кариера – има ген кој го зголемува ризикот од појава на Алцхајмер

Крис Хемсворт, попознат како Тор од филмовите на Марвел, најави пауза од актерската кариера откако открил дека има ген кој драстично го зголемува ризикот од појава на Алцхајмер. Актерот изјави дека сака да минува повеќе време со сопругата и трите деца, истакнувајќи дека не е подготвен да „замине од овој свет“.

kris-hemsvort-kje-pravi-pauza-od-akterskata-kariera-ima-gen-koj-go-zgolemuva-rizikot-od-pojava-na-alchajmer-ne-sum-podgotven-da-umram-01.jpg

Крис Хемсворт, актерот најпознат по улогата на Тор во филмовите на Марвел, најави дека ќе прави пауза од актерската кариера поради загриженост за здравјето.

Во интервју за Vanity Fair, 39-годишниот актер откри дека се одлучил на овој потег откако дознал дека има предиспозиции за Алцхајмер.

static.foxnews.jpg

Кога ги доби лошите вести, актерот снимаше епизода за документарната серија Limitless, каде што се истражува нашата смртност, како и желбата за вечен или барем подолг живот.

Ова го натерало да почне да размислува за сопствената смрт, по што одлучил да направи пауза.

„Работењето на епизода за смртта и соочувањето со мојата смртност ме натераа да паузирам. Боже, уште не сум подготвен да си заминам од овој свет“.

TBS-20784_R6.jpg

„Навистина поттикна нешто во мене што ме натера да земам одмор. Завршив со серијата и веќе привршував со останатите договори“.

Chris-hemsworth-gty-gg-221117_1668692632865_hpMain_16x9_992.jpg

Актерот изјави дека сега сака да минува многу повеќе време со сопругата Елса Патаки и нивните три деца – 10-годишната ќерка и 8-годишните близнаци.

media.zenfs (1).jpg

Актерот направи детална крвна слика за потребите на серијата Limitless и резултатите покажаа дека има од 8 до 10 пати поголеми шанси да развие Алцхајмер за разлика од просечниот човек.

Крис спаѓа во само 2-3% од населението кои го имаат генот којшто го зголемува ризикот од појава на Алцхајмер.

Иако прогнозата звучи застрашувачки, според Американскиот центар за контрола и превенција на болести, ова не значи дека актерот дефинитивно ќе се соочи со болеста.

Chris-Hemsworth-Feels-People-Dont-Take-Him-Seriously-As-An-Actor-Because-Of-His-Bulking-Up-1200x900_60acd8fa7f397.jpg

Односно, со некои промени во животните навики – како откажување од алкохол и цигари – може да го намали ризикот.

Актерот самиот изјави дека сега ќе води уште подобра грижа за своето здравје и ќе направи сè во негова моќ за да го спречи појавувањето на болеста.

ed7674f7b29de7bd6b85bc77939b8add.jpg

Во новата серија Limitless, актерот ги тестира телото и умот до максимум изведувајќи разни екстремни активности како пливање во многу студена вода.

STOCK_DEPARTMENTS_2301_Strength_Limitless_104_CP27816_R.jpg

Иако нам ни е познат како актер, Крис е и многу добар атлет кој се подложува на ригорозни тренинзи, особено кога се подготвува за улога.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Обвинување за силување, бурни разводи – Кевин Костнер живее втор живот на 70 години, по скандалите По двата пропаднати бракови кои траеја повеќе од една деценија, како и конфликти...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Актери кои глумат најдобри пријатели во серии, но не се поднесуваат во реалноста Ким Катрал толку многу ја мрази Сара Џесика Паркер, што јавно ја „оцрни“ откако ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg