Џулија Фокс со раце покажа колкава „машкост“ има Канје Вест, по изјавата дека била со него за да ѝ помогне на Ким Кардашијан (видео)

„Врската со Канје ја вивна твојата кариера“ – ѝ рече водителката на емисијата на актерката Џулија Фокс, каде таа се пофали дека од кратката афера со раперот добила многу облека, а со раце покажа и колкава е „машкоста“ на поранешниот сопруг на Ким Кардашијан.

djulija-foks-so-race-pokazha-kolkava-mashkost-ima-kanje-vest-po-izjavata-deka-bila-so-nego-za-da-i-pomogne-na-kim-kardashijan-video-01.jpg

Актерката Џулија Фокс (32) имаше кратка врска со Канје Вест (45) на почетокот на годината која траеше малку повеќе од 1 месец, а по таа романса постојано излегува во јавност и говори за нивниот приватен живот.

Во периодот додека Канје и Џулија беа заедно, раперот редовно објавуваше содржини во кои ги обвинуваше поранешната сопруга Ким Кардашијан и нејзиното тогашно момче Пит Дејвидсон дека не му дозволуваат да ги види децата.

djulija-foks-so-race-pokazha-kolkava-mashkost-ima-kanje-vest-po-izjavata-deka-bila-so-nego-za-da-i-pomogne-na-kim-kardashijan-video-02.jpg

Пред неколку дена Џулија Фокс на социјалните мрежи во одговор на еден нејзин обожавател рече дека прифатила да се гледа со Канје само за да „му го сврти вниманието од Ким Кардашијан“, иако според неа раперот на почетокот се однесувал сосема нормално.

djulija-foks-so-race-pokazha-kolkava-mashkost-ima-kanje-vest-po-izjavata-deka-bila-so-nego-za-da-i-pomogne-na-kim-kardashijan-video-03.jpg

Џулија вели дека одлучила да стави крај на врската во моментот кога видела дека тој повторно почна да пишува на социјалните мрежи за неговата поранешна сопруга и кога станала свесна дека не може да допре до него.

По оваа изјава, Џулија Фокс беше гостинка во една емисија каде повторно отворено зборуваше за нејзината врска со Канје, па на прашање на водителката со раце покажа колкава „машкост“ има Канје.

djulija-foks-so-race-pokazha-kolkava-mashkost-ima-kanje-vest-po-izjavata-deka-bila-so-nego-za-da-i-pomogne-na-kim-kardashijan-video-04.jpg

Водителката прво ја праша кој бил најгрдиот маж што некогаш го бакнала, на што Џулија рече дека не може да го каже неговото име, но дополни дека имал мошне мал полов орган.

По ова водителката ја праша за машкоста на Канје, а остана изненадена од одговорот на Џулија.

djulija-foks-so-race-pokazha-kolkava-mashkost-ima-kanje-vest-po-izjavata-deka-bila-so-nego-za-da-i-pomogne-na-kim-kardashijan-video-05.jpg

На прашањето што друго доби од оваа врска, Џулија призна дека Канје ѝ оставил многу облека и дека била пресреќна заради тоа.

Прочитајте и На 18 години работела во секс-клуб, направила слики со сопствената крв – Што знаеме за новата девојка на Канје Вест?

Погледнете го видеото:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џорџина до него, мајка му спроти него – како изгледа одморот на Роналдо на Мајорка? Кога ги имаш двете најважни жени во својот живот до себе, тогаш си незапирлив......
4 работи за кои Ким Кардашијан е позитивен пример, но никој не ги гледа заради скандалите (фото) Се чини дека Ким Кардашијан кариерата ја изгради врз скандали и лоша репутација....
Ким Кардашијан во розов фустан како Барби од реалноста - никогаш послаба (фото) Во совршен Balenciaga фустан, со многу прстени, екстремно долги нокти и малечка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg