Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вирално видео: Мајката на Пике ја стега Шакира за лицето, тој не реагира - „Каков маж си ти?“

„Нема да дозволам сопствената мајка да ме фаќа така, а не свекрвата“ - вака гласат дел од коментарите за новото видео кое вирално се прошири на социјалните мрежи, каде Шакира и нејзината поранешна свекрва се претпоставува дека се расправаат на улица.

viralno-video-majkata-na-pike-ja-stega-shakira-za-liceto-toj-ne-reagira-kakov-mazh-si-ti-001.jpg

Периодов, по светските и шпанските медиуми, постојано се пишува дека Шакира и мајката на Пике се во војна, а хит е и новата песна која пејачката ја објави, а се смета за одмазничка кон таткото на нејзините деца, кој ја изневери. 

svekrvata-ja-stega-za-liceto-pike-ne-reagira-ne-stivnuvaat-dramite-so-shakira-042.PNG

Деновиве, на социјалните мрежи се појави снимка, каде наводно Шакира и мајката на Пике, Монтсерат Бернабеу се во расправија и имаат физички контакт.

Поранешната свекрва во еден момент ја фаќа за устата и ѝ дава знак да замолчи, додека Пике, кој е во нивно друштво не реагира, дури и се тргa настрана.

Видеото е снимено уште кога Шакира и Пике биле заедно, па многумина се прашуваат каков всушност бил односот меѓу нив две, односно дали мајката се мешала во нивната врска и дали има удел во нивните проблеми кои резултираа со разделба на парот.

svekrvata-ja-stega-za-liceto-pike-ne-reagira-ne-stivnuvaat-dramite-so-shakira-032.jpg

Мислењата на јавноста за видеото се различни, но дефинитивно крена прашина, па и овојпат коментарите не стивнуваат - некои се ужаснати, a некои сметаат дека не се расправаат воопшто, туку само разговараат.

Во продолжение дел од коментарите:

„Драмата измеѓу Шакира, Пике и неговата мајка, ме потсетува на колумбиска теленовела.“

„Шакира е подобра од мене! Ако мојата свекрва ме допре така ќе си ја изгуби раката. Сериозна сум, ќе си ја изгуби раката!“

„Сите претерувате. Не изгледа како да се расправаат. Реакцијата на Шакира е најнормална, исто како и на мајка му на Пике.“

„Замисли сопругот да стои така до тебе додека мајка му крева рака на тебе.“

?s=20t=0vMAnb2D0A1HHh4usEzzdA

„Погледнете го Пике. Не прави ништо. Не знае ни како да ја заштити Шакира од нападот на мајка му. Ова не е маж, тој е дете на кое му е потребна мајка во секое време“.

?ref_src=twsrc%5Etfw

М. Л. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg