Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пике објави прва фотка со новата девојка, по гласините дека ја изневерил со млада адвокатка – Која е Џулија Пуиг?

„Шакира ќе ти го сруши целиот свет“ - му порача шпанскиот новинар на Пике, во објава на социјалните мрежи во која откри дека наводно фудбалерот ја изневерил новата девојка Клара Чиа со млада адвокатка, која истовремено работи и како инфлуенсерка. Сите очекуваа дека по овие вести Пике ќе раскине со новата девојка, но очигледно тоа не е така.

glasini-deka-pike-ja-izneveril-novata-devojka-so-mlada-advokatka-kako-fudbalerot-odgovori-na-niv-01.jpg

Шпанскиот новинар Жорди Мартен во чекор ја следи разделбата на Шакира и Жерар Пике, а токму тој беше меѓу првите што ја откри приказната за новата девојка на фудбалерот.

glasini-deka-pike-ja-izneveril-novata-devojka-so-mlada-advokatka-kako-fudbalerot-odgovori-na-niv-06.jpg

Сега, новинарот повторно ја разбранува јавноста откако објави дека фудбалерот наводно ја изневерил и новата девојка Клара Чиа Марти со млада адвокатка.

На Инстаграм Стори, новинарот објави фотографија од Инстаграм профилот на адвокатката Џулиjа Пуиг и на фотографијата напиша:

„Ја познаваш ли Пике? Немој да бидеш изненаден кога Шакира ќе ти го сруши целиот свет.“

glasini-deka-pike-ja-izneveril-novata-devojka-so-mlada-advokatka-kako-fudbalerot-odgovori-na-niv-12.jpg

Според новинарот, Џулија е роднина на еден од играчите на фудбалскиот клуб Барселона, Рикардо Пуиг и таа и Пике започнале афера пред 2 или 3 години, а сега откако се разделил со Шакира, повторно се во контакт и наводно, поранешниот фудбалер со неа ја изневерува новата 23-годишна девојка Клара Чиа Марти.

Џулија е дипломиран правник и според дел од шпанските медиуми таа ќе биде вклучена во дел од правните процеси што му претстојат на поранешниот играч на Барселона, а исто како Клара, и таа има 23 години.

glasini-deka-pike-ja-izneveril-novata-devojka-so-mlada-advokatka-kako-fudbalerot-odgovori-na-niv-02.jpg

Откако нејзините фотографии беа објавени на социјалните мрежи, Џулија веднаш го затвори својот профил на Инстаграм, а Пике пак, одлучи да му покаже на целиот свет дека тој веќе ја нашол својата нова девојка и дека нема простор за нови шпекулации, така што на Инстаграм ја објави првата заедничка фотографија со Клара Чиа.

glasini-deka-pike-ja-izneveril-novata-devojka-so-mlada-advokatka-kako-fudbalerot-odgovori-na-niv-09.jpg

Иако Пике не стави никаков опис до фотографиите, веднаш до неа коментираше братучедот на адвокатката Џулија Пуиг и напиша:

„Оваа слика е за албум.“

Погледнете уште неколку фотографии од Џулија Пуиг:

glasini-deka-pike-ja-izneveril-novata-devojka-so-mlada-advokatka-kako-fudbalerot-odgovori-na-niv-04.jpg

glasini-deka-pike-ja-izneveril-novata-devojka-so-mlada-advokatka-kako-fudbalerot-odgovori-na-niv-07.jpg

glasini-deka-pike-ja-izneveril-novata-devojka-so-mlada-advokatka-kako-fudbalerot-odgovori-na-niv-03.jpg

  Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Двејн Џонсон со хит видео на Инстаграм - Ќерките го шминкаат, му лепат бисери на очите „Тоа што почна со прашањето на моите две торнада Џези и Тиа: ‘Тато може ли да ти...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg