Марк Ентони ја побарал за жена по 3 месеци врска, поранешниот дечко ја обвини дека е спонзоруша – Што знаеме за Надја Фереира?
Таа во Мексико живее околу 2 години и вели дека во оваа земја се чувствува како дома. Надја и Марк за првпат биле видени заедно со Мексико Сити на почетокот на 2022-ра година.
Во март објавија дека се заедно, а веќе во мај ја објавија свршувачката.
Брзиот развој на врската предизвика голем број шпекулации во медиумите: едни сметаат дека убавата Надја е бремена, а други пак велат дека нејзина цел била набрзина да се омажи за славниот мексикански пејач за да добие повеќе пари од разводот.
Дополнително, врската со него ќе ѝ овозможи голем број контакти со познати луѓе.
Претходно се знае дека Најда била во врска со парагвајскиот бизнисмен Омар Касторино Монтаро, кој е внук на поранешен министер во Парагвај. Омар пред да ја почне врската со Надја имал зад себе еден брак и две деца на возраст од 8 и 11 години.
Надја тогаш потврди дека тие двајца се заедно, но не сакаше премногу да ја коментира нивната врска.
Омар се огласи на денот на свадбата на Надја и Марк, па на Инстаграм стори одговараше на прашање од следбениците за тоа што мисли за „спонзорушите“, па рече:
„Таквите луѓе завршуваат лошо. На тие луѓе им недостасува љубов, оригиналност“ – а дел од мексиканските медиуми ова го пренесоа како индиректна порака до Надја.
-->
-->
-->
Пред да се запознае со Марк Ентони се претпоставува дека била во врска со мексиканскиот бизнисмен Џозе Луис Колокурис Ел Галињон, кој ја однел на патување околу светот.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери)
Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите?
По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...

„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак
Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др...
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр...
Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...