„Ботокс и затегнување на лице“ - Што всушност се случи со лицето на Мадона (кое стана хит меме)?
- Детали
- вторник, 07 февруари 2023
„Не ја мразам Мадона што си го направила ова на себеси, мразам што живееме во општество каде таа мисли дека мора да си го направи ова на себе“, е најмоќниот твит посветен на изобличеното лице на Мадона.
Мадона дефинитивно има едно од најпознатите и најпрепознатливите лица на земјата, но по појавувањето на Греми 2023, нејзиното лице стана хит меме на Твитер.
Твитерџиите коментираат колку непрепознатливо изгледа поп иконата.
Нејзините фанови се загрижени на што се должи нејзината драстична промена.
Според неколку пластични хирурзи, кои даваат свои впечатоци, 64-годишната пејачка низ годините минала низ низа козметички третмани и сега тоа си го земало својот данок.
Тие веруваат дека Мадона претерала со ботокост и филерите, дека правела затегнување на лицето, па дури и корекција на носот.
Мајкл Хорн, пластичен хирург од Чикакго, верува дека неодамна Мадона повторно „била под нож“.
Тој вели дека затегнувањето на лицето е очигледно затоа што кожата изгледа неприродно затегната наназад, без воопшто брчки. Поради тоа дури и очите ѝ изгледаат помало.
„Во текот на годините Мадона има направено многу пластични операции“, вели тој.
Како изгледаше нејзиното лице некогаш:
Дел од коментарите на твитерџиите за изгледот на Мадона:
„Што ѝ се случува на Мадона?“
„Кој го носи подобро?“
„Не ја мразам Мадона што си го направила ова на себеси, мразам што живееме во општество каде таа мисли дека мора да си го направи ова на себе.“
„Мадона треба да престане со ботоксот и филерите.“
„Мојот обид да игнорирам дека Мадона има комплетно ново лице.“
„Мадона изгледа добро за годините... Ако е 2700-годишен вампир кој јаде бебиња и мажи животни – живи.“
„Пластичниот хирург на Мадона треба да биде уапсен.“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





