Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Шакира провокативно игра со задникот да му покаже на Пике што изгубил – новата песна е одмазда, твитерџиите возбудени

„Ова е доказ дека Пике ја кочел“, „Не е возможно и по 30 години на сцена да не старее“ – велат твитерџиите што го погледнаа спотот за новата песна на Шакира, посветена на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике. Што му порача пејачката на партнерот кој јавно ја изневери и колку заработи од одмазничките песни?

izgleda-podobro-od-koga-bilo-pokazha-deka-pike-ja-kochel-rekacii-za-novata-pesna-na-shakira-foto-video-01.jpg

Колумбиската пејачка Шакира најави дека денес (27.02) ќе го даде првото телевизиско интервју во кое отворено ќе зборува за разделбата со Жерар Пике, за нејзините одмазднички песни, но и ќе открие повеќе детали за односот со поранешниот партнер, кој ја изневери со 23-годишната Клара Чиа.

Во еден од исечоците од интервјуто што се споделуваат на социјалните мрежи, пејачката открива дека за претхoдната песна „Music Sessions #53“, нејзиниот постар син Милан ја замолил да соработува со BZRP.

Во таа песна Шакира упати повеќе пораки до Пике, неговата девојка Клара Чиа, но и до свекрвата.

Во меѓувреме, пејачката викендов ја објави и третата одмаздничка песна во која му упати порака на поранешниот партнер.

izgleda-podobro-od-koga-bilo-pokazha-deka-pike-ja-kochel-rekacii-za-novata-pesna-na-shakira-foto-video-02.jpg

Овојпат заедно со латино ѕвездата Karol G ја објавија песната TQG, во која колумбиската ѕвезда покажа дека навистина блеска по разделбата.

Таа во песната признава дека била повредена затоа што нејзиниот поранешен партнер одлучил да ја изневери со Клара Чиа Марти, но дека сега се чувствува 100% добро.

„Тоа што го имавме сега е заборавено и тоа ти пречи. Мојот живот е подобар без тебе, повеќе не си добредојден овде“ – му порачува таа на Пике.

izgleda-podobro-od-koga-bilo-pokazha-deka-pike-ja-kochel-rekacii-za-novata-pesna-na-shakira-foto-video-03.jpg

Инаку, реакциите на Твитер за песната на Шакира и Karol G се очекувани. Твитерџиите едногласно порачуваат дека Шакира блеска и покажува дека Пике само ѝ пречел и не ѝ дозволувал да напредува во кариерата.

izgleda-podobro-od-koga-bilo-pokazha-deka-pike-ja-kochel-rekacii-za-novata-pesna-na-shakira-foto-video-04.jpg

„Пике ја кочел“, „Имаме можност да ја видиме како повторно блеснува пред нашите очи“, „Не ми се верува дека не старее“ – се само некои од реакциите на Твитер.

„Како изгледа Пике на секои две недели кога Шакира најавува нова песна.“

„Како изгледа Клара Чиа кога ја слуша новата песна на Шакира и Karol G.“

Инаку, досега Шакира објави три песни посветени на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике, а проценките се дека само од нив успеала да заработи над 23 милиони долари.

Прочитајте и „Не ја боли тоа што ја изневерил, туку што е со неа“ - Шакира имала смешен прекар за девојката на Пике пред да дознае за неверството

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
10 највпечатливи и вљубени парови на Мет гала 2025 Ник Џонас ѝ помага на саканата Пријанка со долгиот фустан, сопругот на Алиша Кис...
Канје и Бјанка (повторно) пред развод, по скандалот на Греми 2025: „Не сака да биде дел од неговиот ... По скандалот на Греми и расистичките твитови во кои вели дека го сака Хитлер, Бј...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg