Наоми Кемпбел ја изненади јавноста откако сподели дека го добила второто дете. 53-годишната Наоми не беше забележна со стомаче, па уште се дебатира дали била бремена или го добила детето со сурогат мајка.
„Што е првото нешто што го видовте?“ – ги прашува твитерџиите Џорџина Родригез со смелата фотка што ја објави на социјалните мрежи. Сепак, папарацo фотките од неа и Роналдо повторно покажуваат дека односите меѓу нив се видно заладени, а таа е насмеана само кога треба да се слика за на Инстаграм.
Џејда Пинкет Смит ја разбранува јавноста со крајно осудувачки потег - син ѝ Џејден откри дека нему и на сестра му Вилоу им давала психоделична дрога...
Изминативе неколку дена Мадона ги поминала на интензивна нега во болница, откако била најдена без свест во нејзиниот дом. Семејството ја криело веста бидејќи било неизвесно...
Со емотивна објава на Инстаграм, Криси Тајген сподели дека со Џон Леџенд добиле син, а со цел да ѝ покажат благодарност на сурогат мајката, синчето ќе го носи нејзиното име.
Том Еванс ја побара раката на Никол Шерцингер за време на нивниот одмор на Хаваи, а пејачката ги сподели убавите вести со Инстаграм објава.
На концерт во Хамбург, Германија, Бијонсе носеше фустан со длабоко деколте кој ѝ се измести додека танцуваше. Но, пред и самата
„Мора да признаете дека оваа жена помина неверојатно измачување и дека таа може да ни одржи лекција за издржливост и храброст“ – со овие зборови колегата на Амбер Херд, Италијанецот Лука Калвани го оцени нејзиното прво појавување во јавност 1 година по судењето, со кого таа флертуваше во текот на целата вечер.
Со прослава на која доминираат декорациите со црна боја, Кортни Кардашијан и Тревис Баркер открија дека очекуваат момче. Парот ги сподели новостите...
„Пред 20 години ми кажаа дека ќе починам за најмногу 10 години. Кога поминаа првите 10 години, лекарите ми рекоа дека најверојатно ќе починам од нешто друго, а не од болеста што ме мачеше долго“, раскажа Памела Андерсон за борбата со хепатит Ц, болеста која е заразна и од која годишно умираат околу 15.000 луѓе.
Кон крајот од животот, Џорџ Мајкл имаше сериозни проблеми со зависност кои беа причина и за неговата смрт. Сепак, и покрај бурниот приватен живот, пејачот...
Среде бројните гласини дека на нивната врска ѝ се ближи крајот, Џорџина и Роналдо беа „уловени“ на јахтата на фудбалерот во близина на Сардинија...
„Не смее да оди со проститутки, ниту да ги бакнува во уста“ – наводно ова се некои од условите под кои бремената девојка на Нејмар му дозволила да ја изневерува, но фудбалерот сепак јавно се извини за аферата и сега ја моли да му прости.
„Пријателите и семејството на Аманда Бајнс веруваат дека таа полуде откако ја напушти свршеникот, па во тоа време им беше страв да бидат покрај неа, бидејќи сметаа дека претставува опасност и за себе и за околината“, пишуваа во март 2023 медиумите, кога актерката беше присилно однесена во психијатриска клиника.
По инцидентот на нејзин концерт во Њујорк, кога некој од публиката ја погоди со телефон во лице, Бебе Реџа ги покажа повредите од ударот – едното око ѝ е помодрено, а има и исеченица под веѓата. Нападот врз пејачката со дебарско потекло беше осуден на социјалните мрежи...
„Тајмингот на Господ е секогаш совршен“, напишаа во заедничката објава на Инстаграм Марк Ентони (54) и неговата сопруга, па открија дека станале родители. Марк го доби седмото дете, а прво со една од најубавите жени на светот, некогашната Мис Универзум Надја Фереира.
Според шпанските медиуми, Жерар Пике и Клара веќе се верени, а фудбалерот планирал да ги сподели новостите на свадбата на брат му. Во меѓувреме, јавноста ја поврзува Шакира со Луис Хамилтон, но некои извори тврдат дека пријателите на пејачката не го сакаат бидејќи бил познат како „женкар“. Папарацо фотки од Пике и Клара направени периодов... Како изгледа нивното секојдневие?
„Погледнете го стомакот – сакате да ми кажете дека тој не знаел дека таа е бремена?“ – стои во еден од коментарите до првите фотографии што Кортни Кардашијан ги објави од својот труднички стомак. Фановите сметаат дека со толкав стомак Кортни сигурно не можела да ја скрие бременоста.