„Го славиме твојот живот, денес и засекогаш“, вели Шерон Фонсека (28), која му приреди интимна роденденска прослава на својот сакан Џанлука Ваки.
Додека повеќето ѕвезди не признаваат дека славните родители им помогнале да се пробијат во забавната индустрија, некои од нив, како Гвинет Палтроу и Витни Хјустон, отворено кажале дека имале многу привилегии.
„Ми јавија дека има проблеми со дишењето, кога стигнав во неговата соба сфатив дека се предозирал“ – поранешниот агент на актерот Ангус Клауд кој почина на 25-годишна возраст тврди дека неговата состојба постепено се влошувала во последните две години.
Не ги одлепува рацете од неа. Ја држи околу половината, за нозете... Фудбалската легенда Роналдо беше фотографиран како ужива на плажа со 13 години помладата згодна свршеница, со која е во врска 7 години. Како изгледа фудбалерот кој 12 години се бори со авоимуно заболување?
Боса по асфалтот, во наједноставно издание со хеланки, сопругата на Канје Вест ги мами погледите со горниот дел бикини, каков неодамна облече и Ким Кардашијан.
„Дали некогаш сум го сретнала Принц? Да и воопшто не се согласувавме. Воопшто. Таа средба стана насилна“ – раскажуваше Шинед О’Конор. Како изгледала првата средба со музичарот чија песна ѝ донесе светска слава и зошто пејачката воопшто немаше високо мислење за него?
Кендис Бушнел вели дека нејзиното искуство во 1990-тите ја навело да напише колумна за New York Observer за тоа каков е сексуалниот живот на њујорчани. А потоа се родила идејата за „Сексот и градот“ и Кери Бредшо.
„Селин секогаш даваше сè од себе на настапите, секогаш мораше да биде најдобра, во врвна форма. Но, во некој момент телото и срцето ти испраќаат порака која мора да ја слушаш“, вели сестрата на славната пејачка, која има синдром на вкочанета личност.
Парот до пред извесен период со месеци се немаше појавено во јавност заедно и кружеа гласини за развод, но за роденденот на Меган тие покажаа дека заедно се посилни од кога било.
Кијану Ривс ја стави кариерата „на пауза“ 10 години за да ѝ помогне на сестра му да се избори со леукемијата, а сега актерот е фотографиран како ужива со неа на јахта во Италија. Актерот изгледа опуштено без маица и во кратки пантолони.
Видно вознемирена седи на скалите пред нејзиниот дом и плаче... Кaрмен Електра беше снимена во неуредно издание, само неколку недели откако сними разголена фотосесија за брендот на Ким Кардашијан. Во продолжение неколку интересни детали за нејзиниот бурен љубовен живот...
Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде посветена мајка на двете ќерки, а нивните фотки вели дека ќе ги објави тогаш кога тие ќе бидат доволно возрасни за да дадат согласност. Какви родители се Рајан Гослинг и Ева Мендез и до кои строги правила се придржуваат во воспитувањето на децата?
Се качува на маса и тверка, прави забава покрај базен со голем број пријатели и блиски. Џеј Ло цел месец го слави својот 54-ти роденден, а во ексклузивно писмо до обожавателите откри повеќе детали за прославата. Каде бил Бен додека таа танцуваше на маса?
„Минатата недела го погреба татко му и тешко се справуваше со загубата. Единствено сме спокојни затоа што знаеме дека тој сега повторно е со неговиот татко, кој му беше најдобар пријател“ – соопшти семејството на младиот актер Ангус Клауд кој почина на 25 години. Неговиот пат до славата воопшто не бил лесен.
По скандалозните сцени во ТВ серијата The Idol, ќерката на Џони Деп е фотографирана за време на интимниот ручек со нејзината девојка, каде се бакнуваа и разменуваа нежности. Што мисли татко ѝ, Џони, за изборот на партнерка на Лили Роуз?
„Прекрасна е“, „Кралица“ – коментираат твитерџиите на видеото на кое се гледа како Селена Гомез самоуверено танцува на јахта во смел костим за капење и воопшто не се грижи за вишокот килограми.
Скоро 30 години Сандра Булок е миленичка на Холивуд. Во јавноста е секогаш насмеана и позитивна, но зад затворените врати на својот дом признава дека често плачела над својата тажна судбина - пропаднатиот брак, јавното понижување, мажот кој ја демнел и сакал да ја повреди...
Ирскиот актер со продорно сини очи, Килијан Марфи (47), познат и по улогите на лоши момчиња, криминалци и бескрупулозни типови, зад сцената е сосема поинаков – тој е семеен човек, кој ги држи својот брак и двата сина далеку од очите на јавноста.