„Бев во врска со дечко (21) и старец (91) во исто време“: Авторката на ‘Сексот и градот’ oткри од каде инспирацијата за ликот на Кери Бредшо

Кендис Бушнел вели дека нејзиното искуство во 1990-тите ја навело да напише колумна за магазинот New York Observer за тоа каков е сексуалниот живот на њујорчани... А потоа се родила идејата за „Сексот и градот“ и Кери Бредшо.  „Не чувствувам дека ликот сум јас. Јас не се омажив за богат човек. Не се омажив за Ѕверката. Но, исто како Кери и јас сум повторно сингл“, вели таа.

vo-isto-vreme-izleguvav-so-mlad-dechko-21-i-starec-91-avtorkata-na-seksot-i-gradot-raskazha-za-seksualniot-zhivot-i-inspiracijata-na-likot-na-keri-bredsho-01.jpg

Писателката Кендис Бушнел (64) која стекна светска слава со книгата „Сексот и градот“, вели дека годините се само бројка и призна дека пред многу години, во исто време се гледала со 21-годишно момче и со 91-годишен старец.

Славната писателка во интервју за Us Weekly раскажа детали за својот сексуален живот и за врските кои ја инспирирале да го создаде ликот на Кери Бредшо, но и оние на Саманта Џонс, Миранда Хобс и Шарлот Јорк.

„Знаете, имам толку многу луди авантури за состаноци. Мислам, во една недела излегував со момче кое имаше 21 година и со старец кој имаше 91 година.

Никој не ви кажува дека ова може да ви се случи“, вели таа.

vo-isto-vreme-bev-vo-vrska-so-mlad-dechko-21-i-starec-91-avtorkata-na-seksot-i-gradot-raskazha-za-seksualniot-zhivot-i-inspiracijata-na-likot-na-keri-bredsho-04.jpg 

Писателката, која во моментов е сингл, во интервјуто рече дека возраста не ѝ е важна бидејќи никој не знае каква хемија може да се појави меѓу двајца луѓе.

„Затоа ќе излезам и со 20-годишик и со некој кој има 90 години. Разведена сум и ги немам сите одговори. Но, тоа е мојот став кон љубовните состаноци - никогаш не знаеш кога ќе кликнеш со некого“, рече таа.

vo-isto-vreme-bev-vo-vrska-so-mlad-dechko-21-i-starec-91-avtorkata-na-seksot-i-gradot-raskazha-za-seksualniot-zhivot-i-inspiracijata-na-likot-na-keri-bredsho-03.jpg

Кендис вели дека нејзиното искуство во 1990-тите ја навело да напише колумна за New York Observer за тоа каков е сексуалниот живот на њујорчани.

А потоа се родила идејата за „Сексот и градот“ и Кери Бредшо.

Но, Бушнел вели дека таа и Кери, всушност и немаат толку многу сличности.

„Не чувствувам дека ликот сум јас. Јас не се омажив за богат човек. Не се омажив за Ѕверката. Но, исто како Кери и јас сум повторно сингл“, вели таа.

Бушнел во моментов е сингл. Но и покрај годините и многуте мажи со кои се гледала, таа не ја исклучува можноста да најде љубов.  

„Се забавувам, среќна сум, тоа ми е важно“, додава.

Бушнел беше во брак со балетанот Чарлс Аскегард од 2002 до 2012 година.

Таа се забавуваше со Боб Гучионе Јуниор, издавач на магазините Spin и Penthouse, со поранешниот сенатор од Њујорк, Ал Д'Амато, и со моделот Мајкл Бергин.

Таа се гледаше и со ко-основачот на списанието Talk, Рон Галоти, кој наводно ѝ бил инспирација за создавањето на ликот на Ѕверката.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Крадел леб и спиел на под пред да стане љубов на Саманта во „Сексот и градот“ – Како изгледа денес С... „Одреден период гладував, крадев багет и сенф од маси, немав пари за друго“ - ак...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава