„Не можеме да најдеме лек“: Сестрата на Селин Дион прозборе за пејачката која боледува од синдром на вкочанета личност

„Селин секогаш даваше сè од себе на настапите, секогаш мораше да биде најдобра, во врвна форма. Но, во некој момент телото и срцето ти испраќаат порака која мора да ја слушаш“, вели сестрата на славната пејачка, која има синдром на вкочанета личност.

ne-mozheme-da-najdeme-lek-sestrata-na-selin-dion-prozbore-za-zdravjeto-na-pejachkata-koja-boleduva-od-sindrom-na-vkochaneta-lichnost-01.jpg

Здравјето на Селин Дион, која боледува од ретка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност, се влошува. Ова за канадските медиуми го откри нејзината сестра Клодет, која заедно со нивната сестра Линда, се грижи за пејачката.

„Не можеме да најдеме лек кој функционира, но важно е да не ја изгубиме надежта“, рекла Клодет во интервјуто.

ne-mozheme-da-najdeme-lek-sestrata-na-selin-dion-prozbore-za-zdravjeto-na-pejachkata-koja-boleduva-od-sindrom-na-vkochaneta-lichnost-03.jpg

Селин (55) во декември 2022 откри дека на Дион ѝ е дијагностицирана ретка невролошка болест, позната како Stiff Person Syndrome (синдром на вкочанета личност) која предизвикува нагло грчење на мускулите кое не може да се контролира.

Со текот на времето, телото на личноста со синдромот може целосно да се здрави, а болеста ја претвора личноста во „жива статуа“.

Од оваа болест страдаат околу еден милион луѓе и таа постепено го „здрвува“ телото во одредени положби, па пациентите не можат ниту да се движат, ниту да зборуваат.

Во мај 2023, пет месеци откако јавно прозборе за својата болест, Селин ја откажа светската турнеја. Таа рече дека е скршена, но и дека се надева дека еден ден повторно ќе запее на концерт.

Сепак, интервјуто на Клодет не им влева многу надеж на фановите.

„Искрено, мислам дека сега само треба да мирува. Таа секогаш даваше сè од себе на настапите, секогаш мораше да биде најдобра, да биде во врвна форма.

Но, во некој момент телото и срцето испраќаат порака која мора да ја слушаш“, вели Клодет.

Таа кажала и дека работи со тим врвни експерти кои прават истражувања и се обидуваат да најдат лек за пејачката.

Иако резултатите не ветуваат многу, семејството се надева дека таа еден ден сепак ќе биде добра и ќе може да се качи на сцената.

„За среќа, Селин ги слуша препораките од експертите. Неа ѝ е многу важно да настапува, да биде со својата публика и сите се надеваме дека еден ден ќе успее во тоа“, додала Клодет.

„Сакам да знаете дека не се откажувам. И едвај чекам да ме видите повторно како пеам“, рече Селин во една од своите последи пораки до обожавателите.

Таа тогаш додаде дека чувствува огромно разочарување што мора да ја откаже турнејата и дека срцето ѝ е скршено, но болеста е посилна од неа.

Прочитајте и Првиот албум го издаде на 12 години, победи на Евровизија – импресивната кариера на Селин Дион, низ фотки

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава