Памела Андерсон се зарази со хепатит Ц од поранешниот сопруг, лекарите ѝ кажаа дека ќе живее најмногу 10 години – Како ја победи болеста?

„Пред 20 години ми кажаа дека ќе починам за најмногу 10 години. Кога поминаа првите 10 години, лекарите ми рекоа дека најверојатно ќе починам од нешто друго, а не од болеста што ме мачеше долго“, раскажа Памела Андерсон за борбата со хепатит Ц, болеста која е заразна и од која годишно умираат околу 15.000 луѓе на годишно ниво во светот. 

pamela-anderson-se-zarazi-so-hepatitis-c-od-poraneshniot-soprug-lekarite-i-kazhaa-deka-kje-zhivee-najmnogu-10-godini-kako-ja-pobedi-bolesta-01.jpg

Една од најпознатите Плејбој зајачици и ѕвездата на серијата Baywatch, Памела Андерсон, денес го слави животот.

Пред неколку години се излекува од хепатит Ц, смртоносна болест која е лесно пренослива, а со која ја заразил нејзиниот тогашен сопруг, тапанарот Томи Ли.

Хепатит е оштетување на црниот дроб, предизвикано од воспалителни клетки во ткивото на овој орган. Хепатитот може да биде со поттип А, Б, Ц, Д и Е.

pamela-anderson-se-zarazi-so-hepatitis-c-od-poraneshniot-soprug-lekarite-i-kazhaa-deka-kje-zhivee-najmnogu-10-godini-kako-ja-pobedi-bolesta-03.jpg

Андерсон во 1999 година првпат откри дека се заразила со хепатит Ц и дека лекарите ѝ предвидуваат најмногу 10 години живот поради болеста.

Таа денес е здрава, благодарение на лекот Sovaldi, кој откри дека го платила 100.000 долари.

„Пред 20 години ми кажаа дека ќе починам за најмногу 10 години. Кога поминаа првите 10 години, лекарите ми рекоа дека најверојатно ќе починам од нешто друго, а не од болеста што ме мачеше долго.

Денес ми е добро, но во тоа време ми делуваше прилично страшно“, рече неодамна во интервју Памела, а пренесе The Things.

Борбата на Памела со страшната болест стана инспирација за многу луѓе кои се соочуваат со неа. Таа често ја споделуваше својата лична приказна во јавноста.

Брзо откако ја доби дијагнозата откри дека ја заразил нејзиниот поранешен сопруг, тапанарот Томи Ли, но не преку сексуален однос, како што пишуваа некои светски медиуми, туку преку иста игла за тетовирање која ја користеле двајцата.

„Излечена сум, веќе немам хепатит Ц“, напиша таа во 2015 година.

Кога дозна дека ја победила болеста, прослави со гола фотографија што ја објави на Инстаграм.

pamela-anderson-se-zarazi-so-hepatitis-c-od-poraneshniot-soprug-lekarite-i-kazhaa-deka-kje-zhivee-najmnogu-10-godini-kako-ja-pobedi-bolesta-02.jpg

Фотката ја објавија и светските медиуми, кои повторно ја споделија нејзината животна приказна.

„Томи се излечи прв, веќе нема хепатит Ц. Пробувавме различни третмани низ годините, тој ме убедуваше да експериментираме во лекувањето и така стигна и до лекот кој се зема 12 седмици, а кој е ефикасен.

Брзо по него, и јас дознав дека веќе немам хепатит“, рече актерката и поранешна Плејбој зајачица.

Лекот кој актерката го платила 100.000 долари, сепак не можат да си го дозволат сите, па затоа таа долго време беше критикувана во јавноста.

Луѓето коментираа дека е привилегирана бидејќи има пари и дека не треба да го промовира лекувањето кое е можеби ефикасно, но скапо, па кај луѓето се создаваат и фрустрации што не можат да стигнат до него.

Славната глумица од моментот кога дозна дека боледува од хепатит Ц, стана гласноговорник за рано откривање на болеста.

Таа со години се залага луѓето да се тестираат постојано, бидејќи симптомите често остануваат скриени, а болеста е смртоносна, но може да се излечи ако е навремено откриена.

хепатит Ц го напаѓа црниот дроб и полека го уништува.

Ако вирусот остане подолго време во телото, може да се појават вртоглавици, болки во мускулите, губење меморија, промена на расположението, депресија или анксиозност, јадеж на кожата и болки во стомакот.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Памела Андерсон откри детали за Лиам Нисон: „Не може да не се вљубиш во него, имав трема, многу е за... „Ми беше страв да го запознаам, буквално се тресев пред првата средба. Имаме хем...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...

Најчитани неделава