Аманда Бајнс по 2 месеца повторно заврши во психијатриска болница – некогашната тин ѕвезда, денес е непрепознатлива

„Пријателите и семејството на Аманда Бајнс веруваат дека таа полуде откако ја напушти свршеникот, па во тоа време им беше страв да бидат покрај неа, бидејќи сметаа дека претставува опасност и за себе и за околината“, пишуваа во март 2023 медиумите, кога актерката беше присилно однесена во психијатриска клиника.

amanda-bajns-po-2-meseca-pak-zavrshi-vo-psihijatriska-bolnica-nekogash-tinejdjerska-dzvezda-denes-so-narusheno-mentalno-zdravje-i-opasna-za-okolinata-01.jpg

Една од најголемите тинејџерски ѕвезди од 2000-те години, актерката Аманда Бајнс повторно заврши во психијатриска болница. Ѕвездата на филмот „She’s the Man“ и тинејџерските серии на каналот Nickelodeon, со полициска придружба беше однесена од својот дом во Лос Анџелес во болницата за ментални болести, само 2 месеца откако беше пуштена од истата установа.

Претходниот пат Аманда заврши на клиника за лекување од ментални болести, откако шеташе гола по улица.

amanda-bajns-po-2-meseca-pak-zavrshi-vo-psihijatriska-bolnica-nekogash-tinejdjerska-dzvezda-denes-so-narusheno-mentalno-zdravje-i-opasna-za-okolinata-02.jpgфото: TMZ

Фотографиите од приведувањето на Бајнс ги објави TMZ.

Американскиот таблоид пишува дека актерката била ставена на 72-часовна евалуација, по што лекарите заклучиле дека претставува опасност и за себе и за околината, па решиле да ја задржат.

Според истиот портал, Бајнс самата повикала полиција и побарала да ја одведат до установата. Иако самата ја контактирала полицијата, таа била пренесена во клиниката со лисици на рацете.

37-годишната актерка во март 2023 година помина 3 недели во психијатриската болница, откако шеташе гола и дезориентирана низ улиците на Лос Анџелес.

Пред да ја напушти болницата, некогашната актерка наводно била подготвена да се врати на нормалниот живот и на своето секојдневие.

Лекарите, пак, наводно ѝ советувале да прекине секаков контакт со поранешниот свршеник, Пол Мајкл.

„Пријателите и семејството на Аманда веруваат дека таа полуде откако ја напушти свршеникот, па во тоа време им беше страв да се покрај неа, бидејќи сметаа дека претставува опасност и за себе и за околината“, пишуваа тогаш медиумите.

amanda-bajns-po-2-meseca-pak-zavrshi-vo-psihijatriska-bolnica-nekogash-tinejdjerska-dzvezda-denes-so-narusheno-mentalno-zdravje-i-opasna-za-okolinata-03_copy.jpg

Прочитајте и Тинејџерската ѕвезда Аманда Бајнс шетала гола низ Лос Анџелес – присилно е задржана во ментална установа

А. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...

Најчитани неделава