Вирално видео: Девојка заврши со скршен нос откако Мбапе ја удри со топка - тој истрча да ѝ помогне, а таа е на седмо небо

„Му станува навика да ги крши носовите на обожавателите“ – коментираат дел од твитерџиите што го видео видеото во кое се гледа како Килијан Мбапе се обидува да ѝ помогне на обожавателката, која претходно ја удри со топка додека се загреваше. Ова не е првпат негов обожавател/ка да заврши со скршен нос. Но, добро е што ѝ помага, а девојката и покрај сè е среќна.

devojka-zavrshi-so-skrshen-nos-otkako-mbape-ja-udri-so-topka-toj-istrcha-da-i-pomogne-a-taa-go-pie-so-ochi-video-01.jpg

Еднаш е ненамерно, а кога истата несреќа ќе се случи по вторпат, тоа веќе станува навика, се шегуваат фановите на фудбалерот Килијан Мбапе.

На социјалните мрежи кружи видео од Мбапе кој изминатиот викенд за време на загревањето пред натпреварот со Стразбург, повторно успеа со топка да удри еден од гледачите на трибините.

Истото се случи на Светското првенство во Катар, но сега со повреди се здоби една млада девојка.

Во саботата (27.05), Килијан Мбапе настапи за својот тим ПСЖ, но пред натпреварот додека се загреваше, топката одлета во трибините и овојпат заврши во носот на една млада девојка, на која мораше да ѝ биде укажана лекарска помош заради обилното крвавење на носот.

Килијан веднаш се упати кон публиката за да види дали девојката е добро, а на социјалните мрежи се споделува видеото на кое се гледа како тој ја придржува девојката и ја носи кон ложата, каде подоцна ѝ укажуваат лекарска помош.

devojka-zavrshi-so-skrshen-nos-otkako-mbape-ja-udri-so-topka-toj-istrcha-da-i-pomogne-a-taa-go-pie-so-ochi-video-02.jpg

Сигурно девојката долго време ќе го помни натпреварот кога отишла да навива за својот омилен играч, но, дома си заминала со повреда на носот и среќна затоа што сепак имала можност да го запознае.

devojka-zavrshi-so-skrshen-nos-otkako-mbape-ja-udri-so-topka-toj-istrcha-da-i-pomogne-a-taa-go-pie-so-ochi-video-05.jpg

Инаку, ова не е првпат Килијан Мбапе со „проектил“ да погоди обожавател на трибините.

devojka-zavrshi-so-skrshen-nos-otkako-mbape-ja-udri-so-topka-toj-istrcha-da-i-pomogne-a-taa-go-pie-so-ochi-video-06.jpg

Истото се случи за време на Светското првенство во фудбал во Катар, кога францускиот играч за време на загревањето со топка удри еден од навивачите на неговиот тим.

„Не ми се верува дека крвави од топка“, „Изгледа Мбапе обожава да ги крши носовите на своите обожаватели“, „Ми се допаѓа што веднаш отиде да ѝ помогне“ – велат дел од твитерџиите во коментарите.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и По врската со трансродова личност, го поврзуваат со поранешната девојка на колега – Бурниот љубовен живот на Килијан Мбапе

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Моментот кога Пике беше „осуден“ да го гледа настапот на бившата Шакира на Светско 2026 со синовите ... Пике беше најомразен кога се дозна дека ја изневерил Шакира и ја остави за друга...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...

Најчитани неделава