По врската со трансродова личност, го поврзуваат со поранешната девојка на колега – Бурниот љубовен живот на Килијан Мбапе

„Килијан Мбапе е во врска со првата трансродова личност што се појави на насловната страница на Playboy“ – вака отприлика гласеа насловите во голем број таблоиди откако францускиот фудбалер беше фотографиран заедно со трансродовиот модел Инес Рау. Сега го поврзуваат со друг модел која е мајка на две деца.

prvo-go-povrzuvaa-so-transrodova-lichnost-a-sega-so-partnerkata-na-kolega-burniot-ljuboven-zhivot-na-kilijan-mbape-foto-01.jpg

Франција влезе во финалето на Светското првенство во фудбал, а еден од играчите што најмногу привлекува внимание во нивните редови е Килијан Мбапе (23).

Кристијано Роналдо изјави дека голема е можноста Мбапе годинава да биде прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство во Катар, а освен што привлекува внимание со успесите на фудбалскиот терен, францускиот фудбалер во изминатиот период беше во фокусот на вниманието и заради изборот на девојки.

prvo-go-povrzuvaa-so-transrodova-lichnost-a-sega-so-partnerkata-na-kolega-burniot-ljuboven-zhivot-na-kilijan-mbape-foto-02.jpg

Минатото лето во сите светски таблоиди осамнаа фотографиите на кои Мбапе е заедно со трансродовиот модел со алжирско потекло Инес Рау (32), по што почнаа прашањата дали тој е во врска со неа.

prvo-go-povrzuvaa-so-transrodova-lichnost-a-sega-so-partnerkata-na-kolega-burniot-ljuboven-zhivot-na-kilijan-mbape-foto-03.jpg

За време на Канскиот филмски фестивал, Килијан беше фотографиран со Инес на јахта, а на фотографиите може да се види како тој ја држи во раце.

prvo-go-povrzuvaa-so-transrodova-lichnost-a-sega-so-partnerkata-na-kolega-burniot-ljuboven-zhivot-na-kilijan-mbape-foto-04.jpg

Инаку, Инес Рау е првата трансродова личност што се нашла на насловната страница на Playboy. Таа е родена во 1990-та година, а на 16 години ја почнала процедурата за промена на полот.

Вели дека нејзините родители веднаш ја прифатиле одлуката да стане девојка, а таа тој процес го споредува со реинкарнација.

„Долго време криев дека сум трансродова личност. Сум била на повеќе состаноци и се плашев дека никогаш нема да најдам дечко и ќе ме гледаат како настрана личност“ – вели таа.

Прочитајте и Хит видео од Килијан Мбапе како трча да му се извини на навивачот што го нокаутира со топка – „Има срце од злато“

Откако немаше коментари за наводната врска со Инес, Мбапе почнаа да го поврзуваат и со белгиската манекенка Роуз Бертрам (28) со која се запознале во Париз, каде таа работи.

Роуз претходно била партнерка на фудбалер што играл во истиот клуб каде денес игра и Мбапе.

Од врската со поранешниот играч на клубот PSG, Грегори ван дер Вил, Роуз има две деца. Тие се запознале кога таа имала само 17 години, а живееле заедно од 2012-та до 2016-та година.

Мбапе никогаш не се запознал со поранешниот партнер на неговата девојка, затоа што тој во клубот дошол една година по заминувањето на Грегори ван дер Вил.

Инаку Роуз е доста активна на Инстаграм каде има над 900.000 следбеници.

Погледнете дел од нејзините фотографии:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Во врска е со Карлос Алкараз откако ја поврзуваа со Јаник Синер - Што знаеме за манекенката Брукс На... „Точно е тоа што се зборува, но врска е толку широк поим. Сепак, знам дека Карло...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава