Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку неговата сопруга?

Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали Бекамови прават сѐ за сопругата на Лионел Меси да се чувствува убаво додека престојува во Мајами и на тој начин се трудат да го освојат фудбалерот? Погледнете ја реакцијата на Бекам откако Лионел Меси даде гол и му донесе победа на клубот.

reakcijata-na-dejvid-bekam-po-golot-na-mesi-dali-bekamovi-se-trudat-da-go-osvojat-mesi-preku-negovata-sopruga-01.jpg

По првиот настап на Лионел Меси за Интер Мајами, на социјалните мрежи кружат повеќе видеа од новиот косопственик на клубот Дејвид Бекам, како реагира по голот што им донесе победа, но и како ја прегрнува сопругата на фудбалерот.

На видеото што кружи на Твитер може да се види како Дејвид Бекам скока на трибините од радост по голот што Лео го даде во 85-тата минута и му донесе победа на својот тим.

Освен тоа, уште едно видео привлече внимание, а на него се гледа како сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокузо по победата се прегрнува со новиот газда на нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам.

По преселбата во Мајами, семејството на Меси требаше да се приспособи на новиот начин на живот.

Фудбалерот треба да се вклопи во новиот клуб и соиграчите, а неговите деца да се навикнат на новите училишта.

Но, сопругата на Меси, очигледно веќе најде свои пријателки со кои го поминува слободното време. Минатата недела таа на Инстаграм објави фотографии на кои се гледа дека била излезена со новата газдарица на тимот во кој игра нејзиниот сопруг, Викторија Бекам.

Освен Викторија и Антонела, на фотографијата се и Елена Галера, сопругата на Серхио Бускетс, Андреа Рајачиќ, партнерката на Тиери Анри и Изабела Грутман, партнерка на бизнисменот Дејвид Грутман.

„Девојки“ – напиша Антонела до фотографијата што ја објави на Инстаграм.

Оттука, станува јасно дека Дејвид и Викторија се подготвени да направат сѐ за да го задржат Меси во редовите на неговиот клуб, а Викторија добро знае дека освен што треба да внимаваат на неговите потреби, подеднакво треба да внимаваат и сопругата на Меси да се чувствува задоволно.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дејвид Бекам ја „извиси“ Викторија при гушкање за голот на Англија - таа вештачки глуми и го гали до... По голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнаа, а потоа тој се оттргнаа од ...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...

Најчитани неделава